40 фотографии на модните икони од 1940-тите

22 ноември 2013

И покрај Втората светска војна, 1940-тите претставуваат брилијантна деценија во светот на модата.  Тоа е златното време на холивудските диви од Рита Хејворт до Кетрин Хепберн. Иако на модната сцена доминираа раскошни фустани, жените со задоволство ги пријфатија и новите шик трендови од Западот.

Во продолжение погледнете 40 фотографии од модните диви во тоа време, кои всушност ќе претставуваат една ретроспектива на модата во овие години.

1.Џоун Крафорд - 1940

Погледнете ги истакнатите раменици на славната Џоун Крафорд во комбинација со децентен накит. Сега е јасно од каде Џоан Колинс се инспирирала во 1980-тите. Совршен пеплум фустан го надополни „остриот“ изглед.

Dzoun-Kraford-1

2.„New look“ на Кристијан Диор - 1947

Ова е револуционерен чекор кој ја освежи женската мода и ја „крена“ француската модна индустрија после  мачните воени години. Колекцијата во која доминираат здолништа во полн крој е првата колекција на Диор која доби неформален назив, а за тоа придонесе и тогашната уредничка на магазинот „Harper's Bazaar“, Кармел Сноу, која гледајќи ги новите модели извика „It's a such a new look“.

2 Dior

3.Ава Гарднер - 1944

Големата филмска ѕвезда од овој период, на фотографијава ја истакнува половината со ремен, што е исто така еден од трендовите од ова време.

3 Ava-Gardner-1

4. Бети Дејвис - 1943

Бети позира во раскошна сина тоалета

4 Beti-Dejvis-1

5. Дорис Деј - 1948

Дорис Деј на снимањето на филмот „Љубов на отворено море“ го воведе трендот на носењето на сако како наметка.

5 Doris-Dej-1

6. Рита Хејвор - 1940

Андрогениот стил на Рита Хејворт - широки панталони и монохроматска „машка“ маица

6 Rita-Hejvort-1

7. Кетрин Хепберн - 1940

Одличен кариран фустан, истакнат во струкот, што Кетрин го носи на сетот за Philadelphia Story.

7 Ketrin-Hepbern

8. Џоун Крафорд - 1946

Повторно покажува како се комбинира облека и накит. Во фустан со цветен дезен и класичен накит, актерката изгледа беспрекорно.

8 Dzoun-Kraford-2

9. Грејс Кели - 1947

Принцезата има одличен стил уште од тинејџерските денови.

9 Grejs-Keli

10. Џинџер Роџерс - 1942

Со шапката со широк обод и елегантен костим, Џинџер успеала да постигне шик изглед.

10 Dzindzer-Rodzers-1

11.Барбара Стенвик - 1941

Огромниот и впечатлив накит го направија црниотедноставен фустан гламурозен.

s_16027barbara_stanwyck_1941

12. Рита Хејворт - 1946

Фамозниот црн фустан и нејзината сцена на стриптиз во филмот „Џилда“, ги остави гледачите без здив.

12 Rita-Hejvort-2

13. Ингрид Бергман - 1942

Белите сандали кои Ингрид ги носи со оваа комбинација, жените ги носат и денес.

13 Ingrid-Bergman

14. Бети Дејвис - 1940

Модниот стил на Бети Дејвис е актуелен и денес, само што има нов назив - colorblocking.

14 Beti-Dejvis-2

15.Рита Хејворт - 1940

Бикини со принт, XXL шапка и високи потпетици - тренд кој во последните неколку сезони можеме да ги видиме на сите плажи.

15 Rita-Hejvort-3

16. Дамите во Париз - 1947

Миди-здолништата беа вистински хит во 1947 година, па несоменено дека жените од еден од најголемите модни центри го следеа овој тренд.

16 Dame-u-Parizu

17. Избор за Мис во костими за капење во Париз - 1949

Овие костими се актуелни во градот на светлината во 1949 година. Бикини со фалти можеби не ви е многу привлечно, но монохроматскиот едноделен костим за капење би поминал одлично кај денешните дами.

17 Izbor-za-mis

18. Кристијан Диор, модел - 1947

И после толку години, ова е една од најгламурозните бунди некогаш направени.

18 Kristijan-Dior

19. Ава Гарднер - 1940

Монохроматски изглед, со мала најава за стејтмент принт.

19 Ava-Gardner-2

20. Бети Хатон - 1945

Уште еден ретро изглед сличен на сегашните трендови - бикини кој се врзува околу вратот и лента за коса.

20 Beti-Haton

21.Ен Шеридан - 1942

Металик фустан од 1942 година кој без сомнение би можел да се носи и сега и да изгледа атрактивно.

21 En-Seridan

22. Reard Fashion Show - 1946

Можеби овие модели на бикини денес ни изгледаат смешно, но манекенките на Reard ревијата совршено ги презентираа моделите.

22 Reard

23. Бети Грејби - 1940

Фризурата во златни тонови совршено се вклопи со бикинито во сончева нијанса.

23 Beti-Grejbl-1

24. Лусил Бол - 1940

Актерката многу добро знаела како да ја истакне црвената боја на коса, па така и во оваа комбинација со син фустан, со што и се истакнуваат и очите и големите обетки.

24 Lusil-Bol

25. Сончање во Лондон - 1942

Исончаните нозе се супер замена за хулахопките. Овие дами изгледаат мошне отмено, додека „работат“ на својот тен.

25 Suncanje

26. Бренда Маршал  - 1940

Набори + патенти даваат елегантен „edgy“ изглед кој често може да се види на црвениот килим, во нешто помодерна варијанта.

26 Brenda-Marsal

27. Бонд улица во Лондон - 1942

Ова е првата колекција Utility Dresses For Women која ја дизајнираше Норман Хартнел. Фустаните се претставени во мирната улица Бонд во Лондон.

27 Bond

28. Девојка во Јужна Англија - 1944

Британка која се занимава со земјоделски работи за време на Втората светска војна носи тексасен комбинезон и кошула закопчана до грло. Половината е нагласена со ремен. Ако овој изглед се користел за нива, подоцна стануваа градски тренд.

28 Britanka

29. Хеди Ламар - 1941

Хеди во фимот „Come with M“ носи блуза со голем цветен детаљ, кој многумина ги потсети на Кери Бредшо од „Сексот и градот“, па можеби инспирацијата доаѓа токму од оваа актерка.

29 Hedi-Lamar

30. Лана Тарнер - 1946

Дел од причните зошто филмот „Поштарот ѕвони два пати“ не се заборава е и актерката Лана во оваа пастелна, секси комбинација.

30 Lana-Tarner-1

31. Лана Тарнер -  1943

Но, исто толку сексапилна може да биде и со дијаманти.

31 Lana-Tarner-2

32. Лорен Бекол - 1944

Во долга тоалета од сатен која ги истакнува облините.

32 Loren-Bekol

33. Барбара Стенвик - 1940

Сино одело, шапка и модни детали во принт на леопард - одлична и тренди комбинација.

33 Barbara-Stenvik-2

34. Бети Грејби - 1943

Грејби како пин-ап девојка, а фризурата и накитот му даваат посебен акцент на изгледот.

34 Beti-Grejbl-2

35. Клодет Колбер - 1941

Бикини во пруги - несоменено дека овој тренд ќе дојде и кај нас наскоро.

35 Klodet-Kolber-1

36. Дорис Деј - 1946

Златните платформи го прават овој изглед шик и незаборавен.

36 Doris-Dej-2

37. Џинџер Роџерс  - 1942

Ова е официјалниот портрет на актерката, направен од студиото „Парамаунт“.

37 Dzindzer-Rodzers-2

38. Ида Лупино - 1940

Повторно цветен дезен, кој што не излегува во мода.

38 Ida-Lupino

39. Оливија де Хавиленд - 1941

Топ сечен веднаш под градите беше апсолутен хит во 1940-тите, а со ваков впечатлив накит, речиси и да не постои комбинација што би изгледала добро.

39 Olivija-de-Havilend

40. Клодет Клобер - 1942

Одлична тоалета во розова боја, која актерката ја носеше на снимањето на филмот „The Palm Beach Story“.

40 Klodet-Kolber-2

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Модна икона