Десет француски икони на стилот

30 јануари 2014

Бројни француски жени станаа икони на стилот како резултат на нивната елеганција, уникатност  и префинетост со кои ги носат модерните парчиња облека. Париските дами се многу сигурни во изборот на модни комбинации и воопшто не се плашат да воведат промени и модни експерименти во нивното секојдневие. Не зборуваме само за денешните модни икони, туку и за оние од кои почна се. Станува збор за неколку стилски икони кои модата ја редефинираа во една сосема поинаква димензија и направија евергрин од францускиот стил.

 

Коко Шанел Коко Шанел

 

Револуционерната Коко Шанел:

Коко Шанел е дефинитвно една од француските модни икони која вреди да се најде на оваа листа. Таа е една од ретките дизајнерски имиња кои се обидоа да внесат иновации во модната индустрија, менувајќи го целосно начинот на кој жените се облекуваат. Габриел Бонур Шанел, или накратко Коко е единствениот моден дизајнер кој во соработка со магазинот Time, ја креираше листата на највлијателни личности на 20-тиот век.

 

Емануел Алт Емануел Алт

 

Одличната Емануел Алт:

Неминовно беше на оваа листа да се најде и името на Емануел Алт која го оправдува епитетот француска икона на стилот. Таа работи како главен и одговорен уредник на парискиот магазин Vogue. Но, што е она што Емануел ја прави икона? Тоа е веројатно фактот дека оваа париска убавица воопшто не се плаши да носи кратки здолништа, фустани или салонки. Но, како велат модна икона се раѓа, а не се станува, а Емануел својот софистициран стил го наследила од нејзината мајка која била модел и работела во модните куќи на Нина Ричи и Ланвин во ’70-тите години.

 

Мерион Котилард Мерион Котилард

 

Неодоливата Мерион Котилард:

Мерион Котилард е мошне талентирана актерка која ја фасцинира публиката со нејзината улога на Едит Пјаф во филмот кој ги сруши рекордите на гледаност „La Vie En Rose“. Котилард за маестрално изведената улога се закити и со најпрестижната филмска награда Оскар. Покрај нејзиниот неверојатен талент, таа поседува и уникатно чувство за мода што ја прави една од најдобро облечените актерки.

 

Ванеса Парадис Ванеса Парадис

 

Убавата Ванеса Парадис:

Оваа мултирантирана пејачка и актерка стана позната на само 14 години. Тинејџерските години и поминаа во знакот на моделирањето за некои од најпознатите модни брендови како Миу Миу и Шанел. Парадис е позната по нејзиниот боемски пристап кон модата и нејзината врска со актерот Џони Деп, со кој таа има две деца.

 

Брижит Бардо Брижит Бардо

 

Најдобрата Брижит Бардо:

Брижит Бардо е име за кое не постојат временски рамки во светот на модата. Русокосата „бомба“ стана позната по своите фризури кои ги украсуваше со големи панделки, а нејзин заштитен знак беше мачкиниот изглед на шминка. Поранешната актерка и модел важи за најпознатите секс симболи на ’50-тите и ’60-тите години. Позната е и како активист за правата на животните.

 

Летиција Каста Летиција Каста

 

Префинетата Летиција Каста:

Таа е преубава актерка и модел кој стана заштитно лице на етикетата Guess во 1993 година. Од тогаш поранешниот ангел на Викторија Сикрет стана важен портпарол на француската козметичка линија L'Oreal. Таа ги красеше насловните страни на светски познатите модни списанија Elle, Glamour и Vogue, а беше дел од ревиите на Томи Хилфигер, Роберто Кавали и Ралф Лорен.

 

Карин Ројтфилд Карин Ројтфилд

 

Ексентричната Карин Ројтфилд:

Карин Ројтфилд сосема заслужено се најде на оваа листа. Таа е поранешен главен и одговорен уредник на париски Vogue и сопственик на најпопуларниот сајт CR Fashion Book. Оваа 59-годишна дама е позната не само по нејзината работа во модната индустрија, но исто така по нејзиниот смел стил и храбриот избор на модни парчиња кои ја истакнуваат нејзината силуета.

 

Џејн Биркин Џејн Биркин

 

Безвременската Џејн Биркин:

Иако таа е родена во Велика Британија, Биркин стана дел од француската поп култура во ’60-тите. Позната е по синглот „Je t'aime...moi non plus“, а модниот свет ја памети по чантата која го носи нејзиното име. Таа од модните критичари е окарактеризирана како модна икона со специфичен стил. Инспиративна муза која секогаш знае како и најнемодерните парчиња да ги износи, за тие да блеснат во вистинско светло.

 

Кетрин Денев Кетрин Денев

 

Неповторливата Кетрин Денев:

Миленичката на Жан Пол Готје, оваа неповторливо убава и талентирана актерка е позната по нејзиниот шик пристап кон модата. Добитник е на две César награди за нејзините улоги во „ Le Dernier Métro (1980)“ и „ Indochine (1992)“.

 

Констанс Јаблонски Констанс Јаблонски

 

Прекрасната Констанс Јаблонски:

Констанс Јаблонски важи за една од најубавите француски модни икони на денешницата. Оваа 22-годишна манекенка стана една од заштитните лица на компанијата за декоративна козметика Estee Lauder. Иако е млада таа веќе се најде на насловните страници на Vogue, Russh и Amica.

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Модна икона