Џенифер Лоренс е модна икона за жени во 30-тите години

15 август 2022

Најталентираната млада глумица во Америка, според написот на Ролинг Стоунс, и несомнено една од најголемите актерски имиња во Холивуд, Џенифер Лоренс, денес полни 32 години.

Фото: Pinterest

Актерката која се прослави со феноменалната изведба во франшизата „The Hunger Games" во 2012 години, адаптација на најдобро продаваниот роман на Сузан Колинс, каде ја глуми хероината Кетнис Евердин, својата кариера ја гради врз столб од бројни успешни улоги, како оние во „Winter's Bone" (2010), „X-Men" (2011), „The Silver Lining" (2012), „American Hustle" (2013), „Serena" (2014), „Passengers" (2016), „Mother!" (2017), „Dark Phoenix„ (2019) и „Don't Look Up" (2021).

Фото: Pinterest

Но покрај нејзината блескава актерска кариера, Џенифер Лоренс неодамна блесна и во нова (реална) улога на мајка, а за време на нејзината бременост таа прерасна во вистинска модна икона внесувајќи силна доза на гламур во мајчинскиот стил.

Фото: Pinterest

Но и пред тоа, Лоренс константно ја воодушевувала публиката со својата појава на црвениот тепих, секогаш докажувајќи дека знае совршено да го балансира нејзиното чувство за елеганција со младешкиот дух, градејќи препознатлив стил кој претставува вистинска инспирација за жени во 30-тите години од својот живот.

Во прилог погледнете го нашиот избор од 32 најдобри изгледи на Џенифер Лоренс на црвениот тепих.

Фото: Pinterest.

Објавено:
15 август 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
322 пати