Четвртата сезона на серијата „Круна“ привлече огромно внимание, а дел од причините за тоа се и појавувањето на Маргарет Тачер (ја толкува Џилијан Андерсон) и Лејди Дајана, улога која ѝ припадна на Ема Корин.
View this post on Instagram
Младата актерка денеска го прославува 25 роденден и веројатно не ни претпоставувала дека 2020 ќе ѝ донесе огромно внимание.
Родена е во Англија, нејзиниот татко е бизнисмен, а нејзината мајка е професор за ораторство. Актерството отсекогаш ја привлекувало, но освен ова образование, Ема се образувала и за наставник и една година волонтирала во Јужна Африка, поточно во Кенија, за да им помогне на тамошните деца да се образуваат.
Сепак, во последните три години актерството е нејзинот фокус. Досега имала неколку филмски и телевизиски улоги, но ниту една не привлекла вакво внимание.
На прашањето дали смета дека успеала, ќе рече: „Пред некој ден другарка ми ми прати фотографија од огромен билборд во Англија со Оливија Колман, Џилијан Андерсон и мене. Тоа ми е навистина фасцинантно, го сметам за голема работа“, вели младата актерка.
И покрај тоа што модните медиуми првин посветија внимание на тоа како е претставена Лејди Ди и колку костимите се веродостојни на она што навистина го носела, дел од најпрестижните почнаа да се занимаваат и со личниот стил на Ема Корин.
Од досегашните појавувања, соработки со модни магазини и дизајнери (едно од заштитните лица е на брендот “JW Anderson“), воочливо е дека Корин е модно смела.
Некои ја нарекуваат и женскиот Хари Стајлс поради способноста за трансформација и андрогеноста во стилот.
Корин сака впечатливи парчиња, што некогаш подразбира нагласени ракави, необични кроеви, некогаш пак интензивни бои или принтови, а некогаш и изразен сексапил.
Боб фризурата ја негува веќе години наназад и не е некој страствен љубител на накит, но мора да се признае дека одлично ѝ прилега.
Погледнете некои од нејзините највпечатливи модни изданија досега.
Нема сомнеж дека таа полека станува новата омилена ѕвезда на модните дизајнери, па фантастични модни изданија од неа допрва ќе следат.