Иако пред некое време ве запознавме со оваа шармантна девојка, една од најголемите италијански street style ѕвезди и уредничка на италијанското издание на магазинот Грација, денеска решивме да ѝ посветиме малку повеќе внимание на Гилда Амбросио.

Секогаш во центарот на вниманието на фотографите, оваа 22 – годишна девојка важи за една од најстилските Италијанки со изострено чувство за мода, благодарение на што и го има и ценетото место гостин – уредник на познатото списание.

Нејзиниот еклектичен стил и „лудите“ и шик комбинации се вистинска инспирација за нејзините следбеници на Инстаграм, но и за сите оние што обожаваат да читаат магазини во кои многу често ќе ја најдете.

Нејзиниот уникатен стил и силниот карактер се должат на корените на семејството на Гилда, кое изобилува со дизајнери, сликари и бројни уметници, па благодарение на тоа многу често можеме да видиме нивно влијание во нејзините комбинации.

Оваа уникатна девојка има неколку правила за стилот на кои ние секогаш сакаме да се потсетиме, а во чест на оваа италијанска модна икона, денеска ги споделуваме со вас, а погоре во галеријата ги издвојуваме и најубавите комбинации на Гилда.

-Сѐ што ви се допаѓа, пробајте го!

Никогаш не велете никогаш! Пробајте сѐ што ви се допаѓа и експериментирајте со модата.

-Играјте си!

Секогаш играјте си со боите, слоевите и редизајнирањето на постоечките парчиња – облечете фустан преку фармерки и не грижете се!

-Не ги следете слепо трендовите...

Јас не сум човек кој што се облака според сезоната, ниту пак според трендовите. Признавам дека ги следам, но секогаш одбирам винтиџ модели и стари, но тренди аксесоари.

-Инспирирајте се од минатото!

Јас обожавам стари фотки – кога длабоко ќе се загледаме во минатото и ќе го комбинираме со модерната енергија, добиваме една современа, неодолива вибрација.

-Имајте подготвена комбинација која ќе ви заштеди на време!

Често немам многу време да се подготвам за некој настан. Тогаш секогаш одбирам долг фустан, патики и Селин очила или бела маичка и тесни фармерки. Во овие парчиња секогаш изгледате моќно и самоуверено.

-Инвестирајте во чевли!

Покрај винтиџ парчињата, јас обожавам патики. Оваа година сѐ се врти околу чизмите, но и необичните чевли со полна пета. Задолжително имајте и едни високи потпетици во вашиот плакар.

-Не носете потпетици наутро!

Јас сум голем фан на рамните чевли, иако ја разбирам опсесијата на дамите со високи потпетици. Ве молам, немојте да носите вакви рано наутро. Ќе изгледате премногу средено и дотерано.

-Купувајте уникатни модели чанти!

Како и сите девојки во моето семејство, и јас обожавам уникатни модели чанти. Моментално сум луда за Puzzle торбата на шпанскиот бренд Loewe, одлична е!

Извор: Elle Serbia

Објавено:
6 април 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.881 пати