Глорија Гинис – модна икона за паметење

3 ноември 2013

Модна уредничка и најдобро облечена жена на 20-от век, Грорија Гинис е модна икона што познавачите на модата никогаш не би ја заборавиле. Таа е родена во 1912 година, а почина во 1980. За време на нејзиниот животен век, поточно во периодот од 1963 до 1970 година Глорија беше уредничка на Harper's Bazaar, а во 1964 е прогласена за најдобро облечена жена на интернационално ниво.

По потекло е Мексиканка и животот го има поминато во луксуз овозможен од нејзините богати мажи од четири брака. Гинис била а и сеуште е инспирација на многу дизајнерски имиња, така на пример неодамна и дизајнерот Карл Лагерфелд создаде колекција инспирирана токму од неа.

 

Во нејзиното време дизајнерите едноставно биле почестени таа да ги носи нивните креации, па така Глорија најчесто на себе имала креации од Баленсијага, Диор, Шанел, Живанши, Ланвин, Ив Сен Лоран, а пак омилен дизајнер за обувки и бил Роџер Вивер. Глорија Гинис почина на 68 годишна возраст во својот дом во Швајцарија. Во продолжение од галеријата ви нудиме ретроспективно навраќање на стилот на оваа позната модна ветеранка.

 

Објавено:
3 ноември 2013
Категорија: 
Модна икона