Кендал Џенер: Модна икона на новото време!

15 декември 2014

Иако таа потекнува од семејство каде најчесто славата се добива со разголени фотографии, различни несоодветни видеа и реални шоуа, сестрата Кендал е сосема поинаква од сите останати!

Оставајќи ги зад себе моделите како Кара Делевињ и Карли Клос, таа ја доби титулата за најпознат Тумблр модел за изминатата година.

Тумблр е инаку веб сајт за споделување на фотографии, а според нивната објава, изминатата година најмногу фотографии на нивната платформа биле споделени токму од Кендал Џенер!

Она што е најинтересно е тоа што таа самата нема профил на оваа платформа, туку сите фотографии биле постирани од нејзини обожаватели, веб сајтови и блогови и истите имале огромен број на лајкови.

Оваа вест е само уште една во низата огромни успеси за Кендал, откако неодамна беше избрана за заштитно лице и амбасадор на една од најпознатите светски козметички компании Есте Лаудер. Покрај тоа, неодамна таа беше одбрана да биде дел и од најновата кампања пролет/лето 2015 на светски познатиот Карл Лагерфелд.

Таа воопшто и не е ново лице за француската модна куќа Шанел, со оглед на тоа што неколкупати досега можевме да ја видиме на нивните шоуа ширум светот.

Како растеше неверојатната популарност на Кендал, многумина посочуваа дека тоа се должи токму на нејзиното познато семејство, за што таа ќе каже дека воопшто и не и помогнале, туку сосема спротивно.

Тоа беше сосема нормален тек на настаните, со оглед на тоа што таа потпиша милионски договори со козметички куќи и модни брендови – нешто што понекогаш не им успева ниту на веќе докажаните светски ѕвезди.

Креативниот директор на Балман, Оливие Рустенг е еден од нејзините најголеми поддржувачи кој ќе каже дека таа е новиот ИТ модел на денешницата.

„Таа ги инспирира девојките ширум светот како што тоа некогаш го правеа Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел. Девојките денеска сакаат да изгледаат како неа“, изјави неодамна Оливие.

Кендал го освои светот и со нејзиниот одличен стил што го поседува, особено со минимализмот во кој е вљубена. Во приватниот живот, таа многу често комбинира вистински тренди парчиња на кои секогаш им додава по малку од нејзиниот шарм.

Меѓу најомилените парчиња ќе каже дека и се и тесните кожени панталони, кошулите, крзнените парчиња во зима, уникатните фустани за на црвениот килим и внимателниот избор на модни додатоци.

Во продолжение, во чест на изборот за најпознат Тумблр модел за изминатата година, погледнете некои од највпечатливите комбинации на новата модна икона Кендал Џенер за која допрва ќе слушаме!

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Модна икона