Оваа уникатна девојка не е нова на музичката сцена, но светот дефинитивно ја запозна подобро откако од неодамна почна да излегува со една од најпознатите модели во моментов, Кара Делевињ.
Ен Кларк, која работи под името St.Vincent, почнала да се занимава со музика уште на 12 години, кога славниот Дејвид Брн наместо еден настап на неговиот концерт и понудил едногодишна турнеја и заеднички албум.
Со нејзиниот стил и изострено чувство за мода, таа воодушевила голем број на фотографи и модни магазини кои постојано сакале да ја имаат на нивните страници.
Нејзиниот прв албум „Marry Me“, таа го издаде во 2009 – тата година, но дури со вториот албум „Actor“, стана популарна на музичката сцена.
Во соработка со продуцентот Џон Конглетон таа создаде посебен и специфичен звук, препознатлив за неа.
Многумина милуваат да кажат дека таа е ИТ музичарка која сака да спои инди со поп музика и да создава шик песни.
„Луѓето не го сфаќаат поимот инди поп и го споредуваат со она што истиот беше пред десетина години. Смешно е да се мисли дека тоа е иста работа“, вели музичарката.
Конечно, таа доби големи награди и признанија во светот на музиката откако го издаде албумот насловен како и нејзиното уметничко име „St.Vincent“.
Сепак, она по што таа е исклучително позната и обожувана, е нејзиниот стил кој е неверојатно уникатен. St.Vincent на многу умешен начин ги спојува винтиџ парчињата со сѐ она што е тренди и модерно, за сосема на крајот, на комбинациите да им даде нејзин, посебен шарм.
Таа особено ја цени работата на младите дизајнери, меѓу кои и Фиби Ингилиш и Симоне Роша, а секако не ги заборава и големите Диан вон Фурстенберг и Ботега Венета.
„Се сеќавам, еднаш земав еден фустан од колекцијата на ДВФ и едноставно ја прекроив. Ја направив помалку диско, а повеќе класична и ми се допадна“, вели пејачката.
Нејзе најчесто можеме да ја видиме во транспарентни фустани, мрежести парчиња, панталони со висок струк и лакирани чизми со потпис на Диор или Луј Витон.
Она што таа обожава да го прави е да ја менува бојата на косата, но мора да признаеме дека нам најмногу ни се допаѓа во темна варијанта.