Доколку сте го гледале тв-серијалот „Круната“, за кралицата Елизабета и нејзиното семејство, невозможно е да не ви остане во сеќавање ликот на принцезата Маргарет.
Таму претставена како личност што ужива во декадентен начин на живот, лабилна на моменти и склона кон зависности, контраверзна и бунтовна.
И да, во сето тоа има вистина, иако и малку потценета, бидејќи сепак Маргарет била исклучително паметна, одличен познавач на уметноста и уште подобар пијанист.
Нејзиниот живот ќе го одбележат скандали и бунтовноста, но оваа анти-принцеза всушност е првата вистинска модна икона во британското семејство и ѕвезда каква што денеска многумина се обидуваат да бидат.
View this post on Instagram
Родена е на 21 август 1930 година во замокот Гламис во Шкотска, каде што било седиштето на семејството на нејзината мајка. Во моментот на раѓање, таа била на четвртото место за престолот по нејзиниот татко Берти, подоцна кралот Џорџ VI. Иако нејзините родители се надевале дека ќе ја наречат Ен, кралот Џорџ V ставил вето на името, па решиле да ја наречат Маргарет Роуз – а блиските луѓе ќе ја викаат Маргот.
Кога ќе наполни 18 години, ќе почне да ги извршува кралските должности. Уште тогаш ќе ја разбуди љубопитноста на британските медиуми. Денес за Маргот ќе речат дека била „Дијана пред Дијана“, бидејќи постојатно била следена од медиуми, папараци, имала раскошни креации и била позната по долгите вечерни излегувања, а посебно биле популарни нејзините забави во Американската амбасада.
View this post on Instagram
Кога во 1952 година ќе почине нејзиниот татко, а Елизабета ќе стане кралица, Маргарет има 22 години. Во тоа време ќе се зближи со асистентот на нејзиниот татко, Питер Таунсенд. После година дена, ќе ја замолат Елизабета да им дозволи да стапат во брак, но со оглед дека Питер веќе бил женет и татко на две деца, бракот не бил возможен. Кралицата ги замолила да се стрпат уште година дена. Сепак, нивната врска многу бргу ќе биде откриена. Истата година, додека Маргарет ја чекала кочијата да дојде по неа, а во придружба на Питер, чија должност била да ја заштитува принцезата, таа ќе види конче на неговата униформа и ќе го тргне со раката, гест кој медиумите будно ќе го проследат и ќе им стане јасно што се случува меѓу нив.
Со оглед на тоа дека Парламентот не сакал да го одобри нивниот брак, единствената што можела да им помогне е Елизабета. Сепак, кралицата била против кршење на ова правилно, посебно по скандалот со нивниот чичко Едвард, кој се откажа од титулата за да биде со својата сакана која има зад себе два брака. Маргарет ќе морала да го стори истото доколку сака да остане со Питер - да се откаже од титулата, наследството, како и нејзините деца, да прифати граѓански брак и правила.
View this post on Instagram
И покрај големата поддршка од народот, кој навивал за нивната романса, на крајот, таа ќе испрати писмо во јавноста дека поради нејзините задолженија кон Комонвелтот и католичкото воспитување, самата носи одлука да не се омажи за Питер Таунсенд, за кој ќе рече дека ја поддржува во одлуката.
Во 1960 година принцезата ќе се омажи за фотографот Ентони Армстронг Џонс. Тоа ќе биде првата британска кралска свадба која што ќе се емитува на националната телевизија. Ја гледале преку 300 милиони луѓе. На свадбата биле поканети околу 2.000 гости, помеѓу кои и поранешниот британски премиер, Винстон Черчил, данската кралица Ингрид и кралот и кралицата на Шведска.
View this post on Instagram
Во споредба со свадбата на Елизабета Втора и принцот Филип, која се случила во повоената 1947 година, свадбата на Маргарет, тринаесет години подоцна, била многу луксузна. Церемонијата вклучувала и 20 свадбени торти, цветен лак од 18 метри и венчаница направена од повеќе од 30 метри ткаенина.
И покрај тоа што кралското семејство има голема колекција тијари, повеќе од 40, принцезата Маргарет сакала да има нова и само нејзина која ќе ја носи на венчавката, дури и ако треба да ја купи. Нејзината тјара, цела создадена од скапоцени камења ќе биде една од највисоките во кралското семејство. Многумина ќе мислат дека тоа е поради тоа нејзиниот комплекс што не е прва, што не е кралица, но вистината била сосема друга. Имено, актерката Хелена Бонам Картер, која ќе ја толкува во третата сезона на серијата „Круната“, ќе открие дека комплексот на Маргарет не бил престолот, туку висината, па затоа и круната била со висина од околу 10 сантиметри, со што визуелниот впечаток за Маргарет бил поинаков.
View this post on Instagram
Во бракот кој ќе трае 18 години и ќе биде мошне турбулентен, ќе имаат две деца - Дејвид и Сара. И двајцата ќе си бидат неверни и нивниот заеднички живот ќе го следат многу афери, а една таква ќе биде причина и за нивниот развод во 1978 година. Воедно, ќе биде и првиот развод во потесниот круг од кралското семејство и благодарение на кој, подоцнежните членови на кралството ќе можат да се разведат, доколку сакаат.
Фотографот набргу ќе се ожени со 19-годишна девојка, а Маргарет никогаш повеќе нема да се мажи.
И додека едните се згрозувале од нејзината бутновност и начин на живот, за другите била олицетворение на слободата. Нејзиниот живот бил далеку од совршен и слободен, но факт е дека била меѓу омилените членови на семејството, на моменти поомилена дури и од кралицата.
Нејзиниот моден вкус бил беспрекорен. Била далеку модно посмела и поинтересна од својата сестра. Познати брендови и дизајнери креирале облека која била во склад со правилата, но сепак отскокнувала по бојата или модните додатоци.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема потреба да се потенцира дека Маргарет е и една од најубавите жени во британското кралско семејство. Обожавала да се дотерува. Но, исто така, имала и уникатни навики, кои повторно одат во контекст на нејзиното отскокнување од кралските правила.
На пример,се будела околу 9 часот наутро и појадувала во кревет. Потоа, следните два часа биле резервирани за слушање радио и читање весници, кои подоцна ги фрлала на под. Цигарите се задолжителни во сите ситуации. Била страствен пушач како и татко ѝ, сè додека во староста не ѝ биде отстрането едно белодробно крило. Околу 11 часот ѝ била подготвена купка, а потоа следело шминкање и облекување. Во 12.30 се симнувала во дневната за да испие чаша вотка, а во 13 часот следел ручек со мајка ѝ. Секоја од нив најчесто пиела по половина шише вино, а за десерт се служеле овошје и различни видови сирење.
Маргарет била пријателка со бројни познати личности, но исто така некој што знае да покаже арогантност, а тоа веројатно го почуствувала и Твиги кога сакала да се запознае со неа.
View this post on Instagram
„Моето име е Лесни Хорнбу, мадам, но луѓето ме викаат Твиги“ се претставила најпознатата моделка во 60-тите, на што добила одговор од принцезата: „Колку несреќно“ и ѝ свртела грб.
На една вечера, додека престојувала во Америка во текот на 70-тите, а каде ќе присуствуваат познати актерки,Маргарет ќе ѝ рече на Грејс Кели: „Не изгледаш како филмска ѕвезда“, а според пишувањата, Кели, која и самата е принцеза ѝ одговорила: „Па, не се родив како филмска ѕвезда“.
На истиот ручек, за прстенот на Елизабет Тејлор ќе прокоментира дека е вулгарен. Се работи за 33-каратниот свршувачки прстен кој Ричард Бартон ѝ го купил, а на тој коментар актерката ѝ понудила да го стави на рака. Маргарет била воодушевена, а Тејлор ѝ рекла:Нели е прекрасен? Сега и не е така вулгарен, нели?“
Маргарет ќе остане запаметена како индивидуалист, во кралски живот обоен со лускуз и тага. Она што била Маргарет во тоа време, ќе биде Хари години подоцна.
View this post on Instagram
Неговата баба сигурно би се насмевнала на одлука да се откаже од сè за да биде со својата сакана. Многумина веруваат дека Елизабета била блага кон Чарлс и Камила, а подоцна и Хари и Меган за да се искупи за несреќната љубов на својата сестра.
Ќе почине во сон на 9 февруари 2002 година, на 71-годишна возраст, во болницата Кинг Едвард VII по доживеан мозочен удар и проблеми со срцето. Многумина ќе коментираат дека бурната младост ѝ скратила години од животот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram