Познатите модни икони се секогаш инспиративни. Нивните изгледи честопати биле анализирани и посочувани како апсолутен тренд.
Во продолжение ќе погледнете предлози за тоа како можете да изгледате како вашата омилена модна икона:
Одри Хепберн
Од левата страна се дел од најпознатите и највпечатливи комбинации на легендарната Одри Хепберн. Од десната страна пак, ги имате предлозите како во денешно време можете да го ископирате нејзиниот стил. Црно фустанче до колена, црни панталони и ролка, секако мокасини и впечатлив накит се сосема доволни да
Брижит Бардо
Жените пред се се вљубија во Брижит Бардо поради нејзината волуменозна коса. Сепак, кога актерката се појави, успеа сите да ги освои со својата природна убавина, но и стилот.
Деби Хари
Бушава коса, силна сенка за очи, маица без градник... Ова се само дел од асоцијациите за Деби Хари. Принтот и тесните панталони се исто така нешто по што таа е препознатлива, а многумина ја сакаа најмногу поради нејзиниот бунтовнички дух.
Еди Седгвик
Омилената на Енди Ворхол. Препознатлива по големите обетки, Еди секогаш беше впечатлива. Седвик имаше способност едноставните нешта да ги прави да изгледаат мошне моќно. Со оглед дека една од најчестите комбинации беше црно-белата, предлозите од десна страна се токму во тие бои.
Фара Фосет
Нема кој не ја памети Фара Фосет како вози скејт во џинс. Сите што сакаат да постигнат токму таков спортско-елегантен стил, ќе треба да се потсетат на комбинациите на Фосет, што веруваме дека ќе се доволно инспиративни за да бидете модна икона на денешницата.
Џеки Оназис
Посебно објаснување на Џеки Оназис и не треба. Таа стана глобална сензација, а во низата изгледи и стајлинзи за кои се грижеа светски дизајнери, најзапаметена остана по нејзините костимчиња и едноставни фустани.
Џејн Биркин
Ермес нарекоа чанта по неа. Со долгите нозе, и едноставна комбинација од шорц и бела маица со куси ракави, Џејн Биркин знаеше да ја направи впечатлива и ултра модерна. Исто така, ги популаризираше и чизмите до колена. Секогаш лежерна, а секогаш многу впечатлива, па и не е изненадување со Биркин и денес е инспирација за многумина.
Марлен Дитрих
Марлен Дитрих, жената што прва се облече во машки костум и изгледаше неодоливо. Таа направи вистинска револуција, а го популаризираше оделото уште пред Ив Сен Лоран. Дитрих докажа дека сокриеното може да биде исклучително секси.
Мерилин Монро
За тоа колку Мерилин Монро беше популарна, не треба посебно да се објаснува. Белиот фустан стана легендарен, а воопшто, што и да облечеше беше популарно и впечатливо, особено поради нејзините облини. Таа е синоним за грациозност, сексапил и елеганција.
Стиви Никс
Љубителите на бохо стилот ќе се препознаат во Стиви Никс. Токму и по него е препознатлива, освен по танцувачките способности. Фустани во џипси стил, марами, кошули со интересни принтови, шапки, сето тоа беше дел од естетиката на Никс, а од десната страна го имаме во помодерна варијанта.