Седум нови француски икони на стилот: Достојни наследнички на Брижит Бардо и Џејн Биркин!

8 октомври 2014

Тие се едни од најстилските девојки во Франција веќе подолго време, а нивниот стил го обожуваат и девојките ширум светот! Во моментов, заборавете на феноменалната Брижит Барди, Џејн Биркин или во поново време, Одри Тоту, и концентрирајте се на овие девојки за кои допрва ќе се слуша!

Сесил Касел

Актерката која дел од својот живот му го посвети и на пеењето, доаѓа од семејството на еден од најпознатите комичари во Франција Жан Пјер Касел. Сесил Касел е позната по нејзината платинесто руса коса и нејзината опсесија кон Шанел чии ревии ги чека со нетрпение. Во нејзината биографија има и епизодна улога во серијата Сексот и градот кога ја глумеше Клое Петровски во париското финале!

sesil kasel

Адел Ексарчопулос

Јавноста дозна за Адел по огромниот успех на нејзиниот филм „Blue is the warmest color“ што освои Златна палма на престижниот Кански филмски фестивал. Оттогаш, оваа шармантна девојка почнавме да ја гледаме на многу ревии, а за многу кратко време стана и заштитно лице на ресорт колекцијата на брендот Миу Миу заедно со нејзината колешка Леа Сејду.

adel

Каролин де Магрет

Манекенката и музички продуцент Каролин де Магрет поседува неверојатна харизма – резултат на ефектниот микс на париската мода и фанки изгледот кој е типичен за францускиот модел Лу Дулон – несредената фризура и црната облека. Од неодамна, Каролин е авторка и на книгата How to be Parisian Wherever You Are, а наското ќе излезе и нејзината втората книга Love, Style and Bad Habits. Едвај чекаме!

caroline

Мадмоазел Агнес

Модната новинарка и ТВ водителка има големо медиумско влијание во Франција, каде нејзиниот стил го сметаат за еден од најдобрите. Оваа дама ги пренесува сите ревии во живот од париската модна недела на францускиот Канал Плус, а често можеме да ја видиме и во рекламните спотови за различни брендови.

madmoazel agnes

Леа Сејду

Оваа прекрасна 28 – годишна актерка се прослави преку филмовите Midnight in Paris и Inglorious Bastards, а нејзиниот стил е еден од најавтентичните што сме го виделе во последно време. Младата актерка досега неколкупати била дел од рекламните кампањи на неколку светски брендови, меѓу кои и Прада, Миу Миу и многу други.

lea sejdu

Елaјза Седну

Французинката која има египетско – италијанско потекло порасна во Париз. Таа обожава да носи лежерни фустани со миди должина, како и костими со пруги. Оваа девојка има неверојатно модно педигре со оглед дека нејзиниот кум е никој друг туку Кристијан Лубутан. Инаку, оваа дама е сопруга на Алекс Делал, поранешното момче на прекрасната Шарлот Касираги!

elajza

Констанс Јаблонски

Прекрасната Констанс беше откриена на францускиот натпревар за Елит Модел Лук. Оттогаш, можевме да ја видиме на ревиите на некои од најпознатите дизајнери како Долче и Габана, додека нејзиното лице се најде на некои од најпрестижните модни магазини пред објективите на големите Марио Тестино и Патрик Демарчелиер. Таа е родена во францускиот град Лил, а од неодамна живее во Њујорк.

constance

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Модна икона