Потребни беа повеќе од 40 години за актерката Селма Блер да ја добие дијагнозата што ѝ го промени животот.
Иако вестите што ги доби не беа добри, сепак Селма излезе посилна од болеста.
Како што и самата вели бастуните ѝ станале верни придружници во последните години и сака да ги прилагодува на тоа што го носи.
Актерката, која што зад себе има богато искуство, и покрај непријатностите низ кои што поминува изгледа одлично.
Со самото сознание за мултиплекс склеорозата Селма доби сила и наместо да се повлече, таа ја користи болеста да ја зголеми свесноста за неа и на некој начин да им помогне на другите со истата дијагноза.
Таа секогаш изгледа беспрекорно, елегантна од глава до пети, но и непредвидлива во својот избор.
Една од омилените и е црната боја и честопати ја стилизира во различен аутфит.
Од префинети тоалети до одела, Селма што и да носи, го носи со стил. Секако тука се, како што и самата вели, нејзините модни додатоци, односно бастуните.
Многумина би рекле дека тие се симбол на слабост, нешто што покажува дека на човекот му е потребна поддршка.
Но, за нашата модна икона, тоа не важи. Бастуните се сега дел од животот на Селма, симбол на сила, на храброст, на прифаќање и продолжување понатаму.
Секоја чест!
Фото: Pinterest, Vogue/Getty