Sheikha Mozah bint Nasser Al Missned (1959) е ќерка на Nasser bin Abdullah Al Missned кој почина во 2007 година, а беше опонент на таткото на сегашниот емир од Катар. Нејзината фамилија живеела во Египет и Кувајт, но се вратиле во Катар за нејзината венчавка. Mozah се омажила за Hamad во 1977 година на 18 години додека сеуште студирала социологија на универзитетот во Катар. Благодарение на угледот кој го ужива, таа е постојано вклучена во разни организации и програми за помагање на сиромашните, развивање на исламскиот феминизам, со кој би се зголемил бројот на образовани жени и би се намалила бројката на склучување на бракови со малолетнички.
Многупати до сега била на листата најубаво облечени жени, дизајнерите сонуваат да соработуваат со неа, нејзиниот личен стил е моќен и полн со самодоверба, а најмногу од се е инспирација за припадничките на понежниот пол ширум светот. Знаеме дека жените во исламот мораат да ја прекриваат својата убавина, но Mozah има изградено толку јак и препознатлив оригинален стил, кој не ги прекршува нивните правила, а од друга страна остава без здив секоја нејзина појава.
Безвременска убавина преточена во уникатен спој на модерното и елегантното, со доза мистичност и неконвенционалност, тоа е единствената Sheikha Mozah.