Може да ви се допаѓа или не, но мора да се признае дека Шер остави вистински белег на сцената и во музичка, но и во модна смисла.
Специфичната боја на гласот како да не беше доволна, па Шер се потруди да ѝ остави впечаток на публиката, кој нема брзо да го заборави.
Затоа, кога мислите на Шер мислите на скандал и меѓу првите асоцијации се мрежестото, транспарентно боди и двете црни ленти, во комбинација со кожена јакна и чорапи со халтери.
Нејзината кариера ја започнува во 60-тите, кога таа нема ни 20 години, но има став и стас да носи што ќе посака. А таа посака да носи впечатливи парчиња, светкави комбинезони, смели креации кои откриваат многу кожа, нешто што не беше својствено сè уште за тоа време.
Кога на тоа ќе ја додадете прекрасната долга коса и убавото лице на Шер, таа дефинитивно беше појава што се помни.
Во седумдесетите потоа продолжи со уште попровокативни изданија, кои станаа хит веќе во 80-тите. Кога сите ги носеа, Шер веќе одеше кон нешто друго, бидејќи таа беше пред времето.
Денес не ја гледаме премногу често на екраните, а и кога ќе се појави, останува доследна на стилот од времето на најголемата популарност. Но, тоа и не може да ѝ се замери, бидејќи сè што денес е актуелно таа веќе го носела.
Во 2017 година, на „Билборд“ наградите, пејачката ја доби наградата за музичка икона и на сцената направи вистински спектакл со изведбите на хитовите „Believe" и „If I could turn back the time" . Она што воодушеви беше појавата на Шер, која се потруди да изгледа исто како во времето кога за првпат ги испеа овие песни. Првин се појави во сребрен сценски костим, со светкави срциња во делот кај градите. Потоа ја видовме во препознатливото црно транспарентно боди, кожена јакна и високи црни чизми – стајлинг во кој се појави пред речиси 30 години, кога и песната се појави (1989).
-Музиката и сцената беа нешто што сакав да го правам уште кога имав пет години. И еве го правам дури 53 години. Вчера, наполнив 71 година. А, да, и можам да издржам пет минути планк (вежба) – изјави тогаш пејачката.
Голи фустани? Бијонсе, Ким Кардашија и Џеј Ло можеа само да учат од Шер, бидејќи таа го носеше уште во 1974 година.
Топ и долен дел, трендот што веќе неколку сезони е еден од најактуелните, Шер го носеше уште од самите почетоци на кариерата и тоа во бројни варијанти – рок, винтиџ, ориентални...
Џинс и транспарентно боди, или пак џинс и волуменозна кошула, се веќе добро познати нешта за неа. Пругите кои денеска апсолутно доминираат во сите варијанти, беа чест избор и на пејачката но неколку децении наназад.
Боди, мото-јакна, реси, Шер изгледаше како во нив да е родена, ги носеше со таква самодоверба, бидејќи едноставно умееше тоа да го износи. А денешните познати ѕвезди можат само да црпат инспирација од неа. Некои, како Ким Кардашијан, тоа и јавно го признаваат.
Шпанската верзија на песната „Chiquitita“ на АBBA, е воедно и нејзина прва песна на шпански.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Иако е препознатлива по црната коса, во второто продолжение на мјузиклот „Мама Миа“, ја видовме и како блондинка, а во текот на кариерата беше и црвенокоса.
Има свој парфем, а е едно од заштитните лица и на брендот „ Disquared2“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Уште еден момент вреден за внимание е и учеството во модното списание на Карин Ројтфелд - CR Book, за март 2020. Шер заедно со Наоми Кембел и Ким Кардашијан направи краток филм и фотографии, каде трите се со ретро фризури и на мотори.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Сето ова е показател дека го негува духот, како и телото и дека енергијата која ја поседува и во осмата деција од животот е нешто на што би можеле да ѝ позавидат и многу помлади од неа.
Денеска Шер го слави 76-от роденден.
Во галеријата погледнете некои од нејзините највпечатливи изданија низ годините. Во колку од нив препознавате актуелни трендови?