Што може да научиме од стилот на модните икони 40+?

6 февруари 2020

Освен природната харизма, ставот и држењето изградени низ годините искуство, модните икони 40+ и самите примениле некои основни модни начела во својот имиџ, што резултирал со беспрекорен стил. Таквите начела се учат, а тоа е почетна основа што секој доколку сака може да ја примени кај себе.

Меѓу примерите што треба да се следат ќе ги посочиме Викторија Бекам, Кејт Бланшет, Шарлиз Терон, Џенифер Лопез, Хелен Мирен, жени во различна доба од животот, со различна телесна конституција, ама со еднакво изострено стилско сетило.

Во продолжение следуваат неколку нивни заеднички начела:

Добро го познаваат своето тело
Облеката треба да се прилагоди на телото, а не обратно. Жените што важат за изградени икони на стилот, секогаш прво го земаат во предвид ова непишано правило. Бирајте парчиња што ѝ ласкаат на вашата фигура, а не само на трендовите.

Квалитет, а не квантитет
Купувајте паметно. Тоа подразбира, секогаш бирајте квалитет пред квантитет. Ова правило е во согласност и со начелото за одржлива мода.

„Молив" здолниште
Ова е едно од универзалните, женствени парчиња што добро им стои на сите. Ја истакнува женската силуета, а може да го комбинирате во различни целини, што е дополнителен бенефит.

Добро скроено одело
Покрај тоа што е една од најактуелните тенденции, оделото е безвременска класика што делува моќно и авторитетно. Добро скроено одело секогаш е пожелно да се најде во женскиот плакар.

Не претерувајте со шминка
Жените во кои гледаме пример за стилска икона, никогаш не претеруваат со шминка. Со исклучок на сценските настапи, кога разбирливо целиот имиџ е прилагоден на барањата на сцената, шминката кај овие жени е секогаш дозирана и одмерена.

Не плашете се да излезете надвор од комфорната зона

Ако си дозволите да излезете од рамките што самите сте си ги поставиле, можеби ќе откриете нов свет во кој ќе се пронајдете. А за тоа никогаш не е доцна.

 

Објавено:
6 февруари 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
5.042 пати
Тагови: 
модна икона 40+