Модна кралица, Челичната дама во модата, жената што никогаш не се смее, се само дел од зборовите со кои се опишува Ана Винтур.
Оваа 67-годишна дама има зад себе децениско искуство. Кога е нејзиниот стил во прашање, стана препознатлива по фризурата која никогаш не ја менува, сандалите кои исто така, пречесто ги носи, големите очила за сонце, како и фактот дека речиси никогаш не се смее.
Но, тоа е Винтур која ја познава новата генерација. На почетокот на кариерата и во екот на својата популарност, модната уредничка имала многу весели изданија, и кога е стилот, а и насмевката во прашање.
Ана од фотографиите што ќе можете да ги видите има беспрекорно тенка става (нешто со што и денес може да се пофали) и забавни комбинации.
Светките и металик ткаенините ѝ се едни од омилените. Фустаните имаат примат во нејзиниот гардеробер, затоа и често ги носи. Ретко може да се забележи во еднобојни комбинации, а таа тенденција трае и денес.
Винтур е некој што не се плаши од боите и принтовите. Колку што надворешно изгледа строго, толку нејзиниот стил е забавен, еклектичен.
А во продолжение следат уште неколку факти што веројатно не сте ги знаеле за оваа модна икона:
-Кога е во Лондон, за време на Модната недела, Винтур ја одржува својата боб фризура беспрекорна, така што се фенира два пати дневно – еднаш наутро и еднаш во попладневните часови.
-Фризурата ја носи од 14 години.
-Ана има четири браќа и сестри – Патрик, Џејмс, Нора и Џералд кој како дете загинува во сообраќајна несреќа. Тој е исто новинар, но за „Гардијан“, како уредник за тема политика.
-Ако се сеќавате Миранда Присли од „Ѓаволот носи Прада“ (читај Ана Винтур), секој ден јаде тазе зготвен стек, донесен во нејзината канцеларија.
-Чевлите во кои е вљубена повеќе од 20 години се дизајнирани од Маноло Бланик и никогаш не се разликуваат драстично од тенот на Винтур, без разлика за кое годишно време се работи.
-Пред да стане уредник на американското издание на „Vogue“, таа работи во британскиот „Harper’s and Queen “ (сегашен „Harper’s Bazaar), а била ангажирана и во британскиот „Vogue“, како и магазините „House and Garden“. На челото на модната библија доаѓа во 1988 година.
-Печатените медиуми се во „крвта“ на Ана. Нејзиниот татко Чарлс бил уредник на весникот „London Evening Standard“ од 1959 до 1976 година. Во 1955 година, кога е заменик уредник, ги започнува годишните театарски награди „Evening Standard Theatre Awards“, кои се одржуваат и денес.
-На првата насловна на „Vogue US“ е израелскиот модел Михаела Берку, која носи џинс од „Гучи“ и топ од „Кристијан Лакроа Кутур“. Оваа комбинација е кршење на нормите кога се принтаните магазини во прашање. Доказ за тоа што во печатницата ја прашале да не се работи за некаква грешка. „Горниот дел беше од одело, но здолништето не ѝ одговараше на Михаела. Беше на одмор дома во Израел и се имаше малку поправено. Но, тоа е неважно. Тоа послужи поттикне идејата да се земаат парчиња од висока мода, да се игра со нив и да се стават во секојдневен контекст и да видиме што ќе се случи“, изјави во една пригода Винтур.
-Тенисот е омилен спорт на уредничката. Постојат гласини дека таа секој ден станува во пет часот наутро и игра тенис, а потоа се подготвува за работа. Чест посетител е на турнирот „Вимблдон“, а навива за Рожер Федерер.
-Фустаните од „Прада“ ѝ се омилени, а парчињата ги носи и по неколку пати. Не е од тие што имаат облека само за еднаш. Ѓерданите се исто така еден од честите модни додатоци што ги носат.
- Нејзиниот прекар е „Нуклеарна Винтур“ поради студениот став. Но, во септемвриското издание на магазинот, во воведот призна дека нејзините деца се нејзината слабост. Ќерката Би Шефер е веќе позната на јавноста, а Ана има и син, Чарлс, кој се занимава со психијатрија.
-Секогаш доаѓа на време, па дури и порано. Затоа и често на ревиите може да се види како седи сама.
-Њујорк ѝ е еден од омилените градови: „Тоа е град во кој луѓето сакаат да работат. Ми се допаѓа тоа што никој не те суди по акцентот, не е важно од каде си, кој е твојот татко, или други такви „англиски“.
-Ќерката Би Шефер вели дека Винтур е „најдарежливата личност што некогаш ќе ја сретнете и ги става сите пред себе. Многу е брза и ефикасна, но истовремено, брзо се заситува од работите“.