Српската актерка Тамара Драгичевиќ периодов веројатно е една од најактуелните балкански актерки, која пошироката јавност ја запозна преку улогата на Силвана Арменулиќ во актуелниот филмски хит „Тома".
Иако пред десетина години, таа се прослави повторно со филм на Драган Бјелогрлиќ, „Монтевидео, Бог те видео!", сепак сега е моментот кога целиот Балкан зборува за неа.
Уште поинтересен е и фактот дека во „Тома" глуми и нејзиниот сопруг, актерот Петар Бенчина, кој го толкува ликот на докторот на Тома Здравковиќ. Важат за еден од најубавите парови во Србија, па дури ги нарекуваат и новите Милена Дравиќ и Драган Николиќ.
Покрај тоа што се успешни млади актери, уште една нивна заедничка силна страна е модата.
Благодарение на атрактивниот изглед и двајцата до сега биле ангажирани за бројни модни кампањи, каде многу често повторно се појавуваат како пар.
Она што од моден аспект е интересно, е и приватниот стил на Тамара.
Со секое нејзино појавување во јавноста, независно дали формално или неформално, се забележува нејзиното изострено стилско чувство.
Веројатно, тука голем удел има и нејзината професија и професионалните соработки со стилисти и модни дизајнери, но факт е дека и личниот моден пристап има можеби и најзначајна улога.
Ако го разгледате нејзиниот Инстаграм профил, прво што ќе ви падне во очи е дека навистина изгледа светски. Шармантна и непосредна, секогаш со природна насмевка на лицето, се нејзините главни адути независно што и да облече.
Урбана, ненаметлива, а сепак исклучително впечатлива.
Подеднакво добро знае да носи и женствени и сексапилни и полежерни комбинации. Во секој случај, нејзината природност секогаш е во преден план.
За почит е и тоа што многу често промовира домашни, српски модни брендови секогаш во склад со нејзиниот личен стилски сензибилитет.
Ако барате инспирација, како во еден потег да комбинирате урбан и елегантен изглед, нејзиниот профил на Инстаграм сигурно ќе ви послужи како инспирација.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram