Тие веќе се модни икони, а имаат помалку од 20 години

28 ноември 2013

Кој е најважната карактеристика која една девојка треба да ја поседува за да биде модна икона на денешницата? Водејќи се според статистиките и анкетите спроведени од експертите, одговорот треба да гласи: Модната икона денес треба да биде позитивна, шармантна, со неверојатен креативен набој и способност на комбинирање модни парчиња кои ќе направат да се издвојува од толпата. Одбравме 5 стилски икони кои се уште немаат 20 години, а веќе предизвикуваат големо внимание.

 

Кендал Џенер Кендал Џенер

 

Кендал Џенер

Помладата сестра на Ким Кардашијан, Кендал заслужува да се најде на листата во првите 5 стилски икони кои се помлади од 20 години. Таа неодамна наполни 18 години и го прослави своето полнолетство. Овој американски модел порасна во семејство каде модата игра многу важна улога. Модната империја Кардашијан на чело со нивната мајка Џенер, според стилистите е моден клан кој изминативе неколку години одлично котира на модната сцена. Кендал како најмала имала можност да изгради уникатно чувство за мода следејќи го стилот на нејзните поголеми сестри Кортни, Ким и Клое, иако очигледно се разликува од нив.

 

Клое Моретц Клое Моретц

 

Клое Моретц

Клое Моретц е американска актерка, која е родена во 1997 година, а веќе успева буквално сите да ги воодушеви со својот изглед било кај да се појави, а особено на црвениот килим. Покрај одличниот склоп на модни парчиња, таа секогаш има идеален избор на шминка и фризура што го надополнуваат нејзиниот изглед и на тој начин се создава целосна слика за тоа како треба да изгледа една млада модна икона. Најдоброто во нејзиниот стил е што таа кога прави комбинации не е во потрага по презентација на нешто што е шик туку нешто што е класично, убаво, модерно и фенси. Модните критичари се едногласни дека таа е мошне талентирана и неверојатно инспиративна личност, барем кога е стилот во прашање.

 

Ел Фенинг Ел Фенинг

 

Ел Фенинг

Малата сестра на Дакота Фенинг стана позната по нејзината улога во научно фантастичниот филм „Super 8“. После таа нејзина промоција на филмското платно оваа 15 годишна актерка стана позната како една од најоригиналните модни икони. Интересно во нејзниот стил е тоа што таа ужива во мешањето на стилови, трендови, дезени и принтови, притоа не ограничувајќи се на само еден стил или изглед. Нејзини омилени принтови се цветните кои се идеални бидејќи таа има ангелски тен, па изгледа како урбана принцеза.

 

Бела Торн Бела Торн

 

Бела Торн

Бела Торн е позната американска тинејџерска атракција. Таа е мултиталентирана и работи како пејачка, актерка и танчерка. Нејзиното деби е во раните детски години, со снимени преку 20 филмови, ТВ серии и реклами. Негува ретро шик стил со примеси на винтиџ елементи. Инвентивна и спектакуларна тинејџерска модна икона.

 

Вилоу Смит Вилоу Смит

 

Вилоу Смит

Ќерката на Вил Смит е девојка која не се плаши да експериментира не само со облеката и стиловите, туку и со својата фризура. Секогаш храбра во одбирањето на модните визии кои сама ги комбинира што е навистина за почит со оглед на нејзината младост. Храбра и смела модна икона.

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Модна икона