"Wednesday" манија: Џена Ортега модна икона во гламурозен, гот стил
•
23 декември 2022
Играната серија Wednesday, која што се прикажува на Netflix, е "виновникот" за огромната популарност на 20 годишната актерка Џена Ортега, која го игра истоимениот главен лик.
Wednesday манијата што го зафати светот на филмот, даде и свој моден печат.
Младата Ортега го превзеде стилот на ликот што го игра и во приватниот живот, носејќи го на најдобар начин гот моментот со сета своја гламурозност.
Црни комбинации зачинети со кожни и чипкани елементи, проткаени со детали во бела или црвена боја е токму тоа што Џена мајсторски го носи на секое свое појавување во јавноста.
Модна икона во права смисла на зборот.
Фото: Pinterest, Instagram