На денешен ден, во 1924-година е роден големиот Марлон Брандо
Еден од најпрепознатливите протагонисти од златната доба на Холивуд кој играше според свои правила и во приватниот живот и на големото платно, Марлон Брандо, уште на стартот на својата кариера на себе ја залепи етикетата на лошо момче играјќи во филмот The Wild One (1953).
Целиот свој живот продолжи со тој имиџ врз кој го изгради и култот на модна икона.
Несомнено беше секс симбол на својата генерација и откако се појави со неколку големи улоги, набрзо сите тинејџери сакаа да се облекуваат во стилот на Брандо, па дури ги имитираа и неговите движења и начин на зборување.
Не се плашеше да експериментира на непозната територија. Дури неколку пати се има појавено во џинс на негова филмска премиера, а сето тоа лесно поминуваше кај критиката, а на публиката и беше симпатично.
Харизмаричниот актер го популаризираше и мото-имиџот како една форма на протест против бирократијата и инспирација за бунтот на младите во тој период кон општествените аномалии.
Со оглед на фактот дека модата е цикличен процес, последниве неколку сезони повторно е актуелен ретро-стилот од 50-те и тоа токму на начин каков што го пропагираше Брандо: кожена мото-јакна, џинс, моторџиски џизми, ракавици и предимензионирана авијатичарска капа.
Колку што остави свое влијание во беконечното циркулирање на модата, до толку повеќе остави неприкоснован пример за комплетен актер. Никогаш нема да го заборавиме Вито Корлеоне во Кум или Пол во Последното танго во Париз.
Марлон Брандо почина во јули во 2004 година, а зад себе остави предизвик за младата генерација актери.