Разни модни совети можат да се прочитаат во модните медиуми, од дизајнери, стилисти, блогери... Некои совети доаѓаат и од мајките или бабите, а во продолжение следи една листа од 101 моден совет што ги обединува сите. Некои веројатно ви се добро познати, а за некои веруваме дека ќе ви бидат добредојдени:
100. Без разлика на тоа што сте слушале досега, кашмирот најдобро се пере рачно. Затоа, ако имате некое такво парче, не ставајте го во машина за перење алишта.
99. За отстранување на дамки од црвено вино, користете бело вино.
98. Пред да ги однесете фармерките на кројач да ги скрати, исперете ги и тоа два пати. Зошто? Затоа што џинсот при перење се собира во должина.
97.За да го спречите избледувањето на некое парче од мохер, спакувајте го парчето и ставете го во кеса или торба со патент и ставете го во ладилник, најмалку три часа. Потоа оставете го на саканото место.
96. Отстранете ги непријатните мириси на „стара“ облека или нафталин така што ќе ја попрскате со микс на вотка и вода (во размер 1:2).
95. Отстранете ги белите трагови од дезодоранс со нежно триење со заштитната пена што се става на закачалките за заштита на ткаенините.
94. Ако на омилената чанта ви се истури масло, на местото ставете бебешка пудра и оставете да стои преку ноќ. Наутро веќе дамката би требало да ја нема. Доколку сè уште се појавува, повторете го процесот, сè додека дамката сосема не се изгуби.
93. Најдобриот начин во домашни услови да ги исчистите светкавите камења на накитот е – течен детергент за садови и стара четкичка за заби.
92. Тајната на добриот облик на облеката е ликрата. Идеалната формула е 95% памук и 5% ликра за маици и најмалку 2% ликра за џинс, за да го држи нивниот облик.
91. Плакарот секогаш организирајте го по бои – од светла до најтемна, од лево кон десно. Окото ќе ја следи бојата а тоа ќе ви помогне да останете организирани.
90. Се грижите за квалитетот на парчето од кашмир? Нежно истегнете ја основата на парчето облека да видите дали ќе се врати во првобитната положба. Ако не, тогаш значи дека квалитетот на кашмирот е понизок.
89. Ако немате доволно време да ги пробате фармерките во продавница, обидете се со овој метод: Можете да ја одредите големината така што појасот на фармерките ќе го ставите околу вратот. Доколку почетниот и крајниот дел од појасот се спојуваат околу вашиот врат комотно, тогаш значи дека големината ви е добра.
88. Исчистете го плакарот за 25 проценти со само едно прашање: „Ако во моментов сум на шопинг, дали би го купила парчево?“. Ако одговорот е не, тогаш време е да се збогувате со него.
87. Никогаш не ги перете костимите за капење во машина за перење алишта. Машината ќе ги оштети и ќе ја изгубат еластичноста. Единствен исклучок: На крај на летото или одморот, исперете ги костимите за капење во машина, но откако ќе ги ставите во „торбичка“ или „мрежичка“ со патент и со омекнувач за алишта. Но, само после неколку носења.
86. За да го средите стомакот пет дена пред голем настан, не јадете млечни производи и зрнеста храна, што можат да ви предизвикаат проблеми со дигестивниот систем, а со тоа и подуен стомак.
85. И додека „лажните“ чанти не се добар избор, лажните дијаманти и скапоцени камења се. Нив ретко кој може да ги забележи со „обично“ око или од прва, така што носете ги без грижа на совест.
84. Настаните каде треба да бидете навистина средени, не е време кога треба да си поигрувате со трендовите. Си ја знаете силуетата и држете се до тоа. Совршен пример: Софија Вергара знае дека изгледа добро во сирена фустаните и не ги менува, па на црвениот килим ја гледаме во различни варијанти на овој крој.
83. Никогаш не облекувајте парче облека веднаш после пеглањето. Тоа ќе предизвика нови линии. Затоа, оставете го парчето околу пет минути „да се излади“ и потоа облечете го.
82. Најдобар начин за отстранување на „топчињата“ на џемперите е да користите пенза (шуплив камен од вулканска маса, попознат како камен за пети).
81. Ставете ги обетките на „спојување“ на балетанки за да добиете вечерна варијанта на обувките или пак на ремен, за брзо и ефектно.
80. Ако ви отиде восок на облека, врз него ставете хартија од восок и потоа пристиснете со жешка пегла кратко. Откако ќе ја тргнете хартијата, на тој начин би требало да се отстрани и восокот.
79. Ставете чашка водка во вазната за цвеќињата подолго да ви траат.
78. Хулахопките „поминете“ ги со евтин лак за коса за да го спречите создавањето на дупчиња.
77. За да ги исчистите антилоп чевлите, извадете корка од леб и оставете ја да се стврдне, да стане бајата. Потоа со неа нежно поминете ја површината на чевлите со работ на корката за да ја исчистите прашината и дамките.
76. Кога купувате венчален фустан или за било која друга важна пригода, одете во шопинг со шминка, соодветни обувки и долна облека, како и средена коса, за впечатокот да биде што покомплетен.
75. Ако немате време да отидете на кројач да ви скрати некое парче, а итно ви е, употребете леплива лента од двете страни и ставете ја на работ.
74. Кога нешто ќе ви се истури врз облеката, не ја бришете дамката, оставете нека се впие. Со бришењето или триењето само ќе ја проширите и ќе направите бранови на облеката.
73. Линии на панталоните не се во ред. Секоја жена треба да инвестира во долна облека без рабови.
72. Ако не сте расположени во моментот да пробувате фустан, а сакате да видите дали би ви бил точен, поставете го работ на рамото на фустанот до коската на вашето рамо и измерете.
71.Старите џемпери или ќебиња можете да ги искористите за навлаки за перници или за заштита на столчињата за тераса...
70. За да отстраните дамка или траг од кармин употребете лак за коса.
69. Доколку перете темни фармерки, ставете пола лажичка оцет во последното перење во машина, за да ја одржите бојата.
68. За да ги проширите тесните чевли, ставете во секој чевел по една кеса вода и оставете да се замрзне преку ноќта. Како што водата се замрзнува, така чевлите постепено ќе се шират.
67. Винтиџ марамите или шаловите обликувајте ги во оригинално уметничко дело.
66. Детергентот за миење садови е особено ефективен при отстранување масло или мрсни дамки од облеката.
65. Ласкава силуета започнува со вистинска основа. Никогаш не потценувајте ја моќта на мидерот!
64. Старото палто можете да го „оживеете“ со тоа што ќе ги смените копчињата и ќе вметнете некој детаљ што ќе го привлече вниманието – ново парче со принт, или некоја светла боја.
63. Секогаш кога ги кратите фармерките, замолете го кројачот да го аплицира оригиналниот раб. Можеби ќе ве чини малку поскапо, но вреди бидејќи никој нема ни да забележи дека сте ги скратиле.
62. Ако руменилото или бронзерот ви се скрши во чанта, марамчињата за отстранување шминка (не влажни, туку специјални за оваа намена), ќе ги исчистат остатоците.
61.Раширете ги крутите или тесни чевли така што ќе носите чорапи или ќе ги дувате стапалата со топол фен.
60. Торбата што ја добивате со чевлите, закачете ја на вратата од бањата и искористете ја за складирање шминка, четки, ластичиња и слично.
59. Винтиџ ковчег не само што може да биде интересна масичка за кафе, но може да биде одлично место за складирање на чевли и облека што ретко ги носите.
58. За да го отстраните печатот од кожените чизми, додадете неколку капки оцет во студена вода и со мека четка поминете го местото. Несаканите букви веќе нема да бидат видливи. Преку ноќ, оставете да се исуши местото.
57. За да престанат да ви „шкрипат“ чевлите, отстранете ја влошката и ставете вазелин, пред да ја замените.
56. За да препознаете вистински бисери, многу нежно допрете ги со забите. Лажните бисери ќе бидат совршено мазни, додека вистинските се малку рапави или со текстура.
55.Кога купувате јакна, палто или блејзер, обрнете внимание на рамениците. Тие треба совршено да се совпаднат со врвовите на вашите рамена.
54. Спортскиот елек направете го шик така што ќе му додадете тенок ремен околу половината.
53. Ако не се скратени или продолжение, рабовите на панталоните треба да бидат до врвот на чевлите односно 1, 5 до 2 сантиметри од подот.
52. Пред да ги спакувате, палтата секогаш однесете ги на хемиско, а потоа складирајте ги во футроли. На тој начин ќе ја зачувате ткаенината од молци.
51. Ако имате мал плакар, никогаш не ги чувајте обувките во гломазни кутии, туку наредете ги на подот.
50. Одите на зимска свадба ли свеченост? Еден од изборите може да ви биде крзнен елек, со тенок ремен, што ќе го усогласите со долго здолниште.