Декорација која многу ни се допаѓа - тикви со сукуленти

19 октомври 2021

Есента е навистина инспиративна, посебно кога се работи за декорации во домот. Во потрага по интересни примери наидовме на една која дефинитивно ги ни привлече вниманието.

Се работи за мали тикви во кои се засадени или само вметнати саксии со сукуленти. Дискретен, а сепак толку впечатлив украс кој ќе ви го разубави домот, каде и да го ставите.

Ова дури можете и сами да го направите. Купете тиква, издлабете ја, а во неа засадете сукулент или како што рековме, ако не сте умешни во тоа, ставете саксија. Можете да додадете и некоја шишарка или слични украси, оставаме на вашата креативност и имагинација.

Или пак, ако сакате уште поедноставно, врз централниот дел на тиквата, залепете аранжман каков што сакате.

Инаку, ако ви се допаѓа овој начин на декорација, можете да употребите и поголеми тикви, ќе изгледаат навистина убаво, иако наш фаворит се помалите.

Доколку немате сукуленти, можете да искористите и други сезонски цвеќиња.

А примерите во продолжение се супер инспирација:

 

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.826 пати