Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но ако јадете погрешни намирници денот може да тргне во погрешна насока.
Ако постојано се чувствувате уморно кон средината на денот, дури и по утринското кафе или пак повторно сте гладни за неколку часа, тогаш нешто правите погрешно.
Иако сте сигурни дека намирниците кои ги консумирате за појадок сте хранливи и здрави, треба повторно добро да проверите и да се консултирате со нутриционист.
Во продолжение, магазинот Ел посочува што би требало да избегнувате да појадувате.
1.Житарки со малку растителни влакна
Иако веројатно знаете дека житарките со многу шеќер и не се баш некој добар избор за појадок, шеќерот не е единственото нешто на што треба да посветите внимание кога ги купувате. Ако јадете житарки кои имаат малку влакна, а многу јаглехидрати, за многу кратко време повторно ќе бидете гладни.
2.Лесни јогурти
Иако ова звучи како добар и здрав избор, многу од овие јогурти со разни вкусови имаат малку калории и многу вештачки засладувачи и хемикалии, особено оние со вкус на овошје. Наместо ваквите јогурти, одберете од оние обичните, но без масти. Протеините од јогуртот ќе ве заситат, а не содржат ниту шеќер.
3.Смути купено од продавница за здрава храна
Дали некогаш сте се запрашале зашто повеќе ги сакате смути пијалаците отколку зелените сокови? Покрај тоа што се многу повеќе привлечни на изглед, истите се полни со шеќер, некои од нив дури имаат и сладолед или млеко. Наместо да купувате вакви смути пијалаци, на работа понесете си овошје и изедете го пред почетокот на работното време.
4.Ѓеврек
Консумирањето на ѓеврекот наутро е еднакво на консумирање на четири парчиња бел леб што значи предозирање со јаглехидрати. Тоа не значи дека треба целосно да се откажете од овој оброк, туку едноставно да го замените белиот ѓеврек со таков од црно брашно надополнет со разни семиња кои содржат протеини и здрави состојки кои ќе ви дадат супер енергија.
5.Палачинки
Палачинките речиси секогаш содржат преработени јаглехидрати, а ако ги дополнувате со сируп, џем или крем, ќе направите една утринска шеќерна експлозија. Не морате целосно да се откажете од палачинките, туку едноставно јадете ги со природни состојки како мед и слично.
6.Протеински колачиња
Доколку честопати додека брзате изутрина консумирате од оние навидум здрави протеински колачиња кои мислите дека ќе ви го заменат појадокот, повторно размислете. Поголемиот дел од овие колачиња се полни со шеќер и хемикалии и ќе предизвикаат пад на енергијата кон средината на денот.
7.Сокови
Соковите се одлични за здравјето и за внесување на витамини, но повторно не можат да го заменат вистинскиот појадок. Ако не внесете доволно протеини, ќе бидете гладни за само неколку минути. Соковите се полни шеќер, така што или пијте ги како ужина или заедно со појадокот.
8.Гранола барови
Иако гранолата звучи поздраво од житариците, таа има повеќе калории и содржи повеќе шеќер и помалку протеини, затоа обидете се да ја избегнувате особено во утринските часови или како замена за вистински појадок.
9.Сендвичи од продавница
Во брзото секојдневие најдобро е да застанете во некоја сендвичара и да купите некој оброк кој можете брзо да го изедете, но тоа мора да престанете да го правите. Тие често знаат да бидат премногу масни, многу пржени и полни со вештачки јаглехидрати без влакна по што многу брзо ќе огладнете повторно.
10.Пецива
Без разлика дали сте обожавател на кроасан или било какво друго пециво, мора да го заборавите. Покрај тоа што се прават од бело брашно, содржат и многу шеќер, од што ќе се качи нивото на шеќер во крвта, а потоа нагло ќе ви падне па ќе ве остави гладни многу брзо.