Есента е вистинско време за освежување на вашиот дом, а нема подобар начин од нови и модерни детали кои ќе ви го разубават просторот.

Празните полици и ѕидови во домот речиси секогаш изгледаат некако тажно, колку и да се обидувате ентериерот да го сведете на минимум.

Доколку не сакате многу украси и детали, тогаш неколку постери или фотографии со интересни пораки ќе ви бидат сосема доволни.

Најинтересни се оние со смешни натписи кои ќе предизвикаат насмевка на лицето кај секој оној кој ќе го посети вашиот дом, а и вие ќе бидете среќни секогаш кога ќе ги погледнете.

Брендот Bxxlght меѓу првите на пазарот го промовираше проектот light box. Станува збор за производ од плексиглас на кој можете да напишете каква порака и да сакате и да ги украсите вашите ѕидови или полици со нешто навистина интересно.

Светлечките кутии со пораки станаа огромен хит во светот, а доколку сѐ уште не сте си набавиле една, сега е вистинско време за тоа.

Подеднакво интересни се и изработените плочи од кул материјал на кој се испишани супер креативни пораки, но и килимчињата за во бања во кои не можете, а да не се заљубите.

Во продолжение погледнете ги најинтересните натписи за оваа есен исцртани на интересна хартија, килимчиња и разни фотографии.

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
860 пати