Едно кул здолниште, три комбинации!

16 април 2015

Доколку оваа сезона сѐ уште не си набавивте кусо здолниште во А – крој, сега е вистинското време да го сторите тоа!

Оваа пролет, најубавиот модел доаѓа од последната колекција на женскиот бренд Карвен, кои претставија бело здолниште во А – крој со патент и животински принт на средината. Она што е особено шик кај ова здолниште, се црните џебови од страните што му даваат дополнителна доза на урбаност.

Подеднакво одличен е и фактот што овој модел можете да го комбинирате за многу различни пригоди поради неговата едноставност и нежна боја, но истовремено и неверојатна софистицираност и урбан шик.

Во продолжение ви предлагаме три комбинации со ова супер уникатно здолниште, а она што вие треба да го направите прво, е задолжително да си набавите едно слично!

Објавено:
16 април 2015
Категорија: 
Направи сам