Иако здравствено е добро да се потите и на овој начин да ги извадите од вас сите отровни бактерии, сепак непријатниот мирис и дамките на кошулите и блузите и не се некоја убава слика. Токму затоа ние ќе ви понудиме неколку корисни совети за соочување со овој проблем.
Тело
- При туширање користете антибактериски сапун. Тој ќе допринесе за намалување на количината на бактерии на кожата и ќе го намали непријатниот мирис.
- По туширањето избришете ја водата од телото со крпа која убаво упива и особено обрнете внимание на делот на препоните и пазувите. Бактериите многу потешко се размножуваат на сува кожа.
- Често менувајте ја облеката и употребувајте материјали на природна база кои ќе допринесат во намалување на непријатните мириси.
- Не претерувајте со јадењето пиперки и зачинета храна бидејќи го поттикнуваат потењето. Аромата од лукот се задржува цели два дена, а за непријатен мирис допринесува и јадењето на црвено месо.
Пазуви
- Најважно е редовно да ги отстранувате влакната под пазувите бидејќи тие најлесно ги апсорбираат бактериите на себе.
- По секое туширање нанесете дезедоранс, кој во својот состав нема да има алуминиум бидејќи ги затвара порите и не дозволува кожата слободно да диши.
- Кога ќе почувствувате дека сте испотени, а моментално не сте во можност да се истуширате, најдобро е да се избришете со влажна марамица и откако ќе се исуши местото да нанесете дезедоранс.
- Стресот допринесува до поголемо потење. Единствено решение е да пробате да се опуштите и да легнете. При тоа секогаш одбирајте да легнете на грб бидејќи на тој начин потењето ќе престане или во најмала рака ќе се намали.
Нозе
- Пред да облечете чевли, измијте ги нозете и убаво избришете ги особено на пределот меѓу прстите. На стапалата ставете детска пудра во прав која ќе ја апсорбира потта во текот на целиот ден.
- Не носете ист пар чевли два дена по ред бидејќи е неопходно да оставите да се проветрејат и од нив да излезе непријатната миризба.
- Не облекувајте чевли на боса нога бидејќи многу полесно се поти, а потта се втемелува во самата обувка и е легло на бактерии.
- Секој ден мијте ги нозете со ладен црн чај кој е одличен во борбата со бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис. По недела дена од третманот, ќе почнат да се забележуваат резултати.
- Облогите од црн чај се добри и при намалување на потењето на дланките.