Инспирација за колор блок комбинација

8 мај 2014

Тенденцијата на спарување на повеќе бои во една комбинација е се' уште омилена кај дизајнерите што се потврдува со фактот дека е еден од доминантните трендви веќе неколку сезони. Со оглед на тоа дека се работи за микс кој секогаш може да варира во однос на боите, дезените, материјалите,  и бројот, оваа дизајнерска „игра“  никогаш не станува монотона.

Напротив, во актуелните сезонски колекции на модните куќи како: Фенди, Edun, Александар Ванг, Алберта Ферети и други, повторно може да видиме двојни комбинации од виолетова и портокалова, црна и бела, тегет и беж или пак тројно поврзување на црна, бела и црвена или кафена, војничка зелена и жолта...

Во продолжение ви предлагаме неколку различни варијанти, како самите да направите успешен спој на повеќе бои.

 

Храбар избор од јаки бои

Доколку правилно се комбинираат, изборот на повеќе јаки бои во една комбинација може да биде апсолутен погодок. Оваа година портокаловата е новата црна, па другите бои нека ротираат токму околу оваа боја.

 

Двојна комбинација

Изборот на две бои може да се однесува на комбинацијата на самата облека како на пример топ во една и здолниште во друга боја или пак двојната комбинација од бои да ја спојува облеката со аксесоарите.

 

 Комбинација на бои со принт

Дупла тенденција: колор блок варинајта со принт. Изборот е неограничен, во зависност од принтот. Може да се одлучите на еднобојна варијанта комбинирана со егзотичен принт или шарен флорален принт со интензивни бои.

 

 

 

 

 

Објавено:
8 мај 2014
Категорија: 
Направи сам