Fashion-for-Women-over-40

Тоа што сте наполниле 40 години или веќе гордо чекорите во петтата декада , не значи дека не можете да изгледате модерно и забавно. Во ова модерно и ново време, 40-тите се нови 30-ти, но сепак, треба да внимавате да не ја преминете границата на вкусното.

Високи чизми на потпетица или рами се секако дозволени. Но, треба на вистинскиот начин да ги имплементирате во модните комбинации. Мини здолниште или фустан, не е еден од нив. Тоа ќе создаде сосема спротивен ефект, дури и да можете да се пофалите со навистина добра линија. Исто така, тие во комбинација со кожени парчиња - панталони, здолништа, фустани, или било која светкава ткаенина ќе создадат негативен ефект. Кога бирате високи чизми, одбирајте едноставни и класични модели, а што се сепак во тренд. Оние со многу патенти, врвки или други украси, нема да ви направат добра услуга.

hobbs-x

Не плашете се од тренди облека. Но, секогаш имајте на ум дека не сите трендови се приклади за сите возрасти и не сите трендови се добри за сите типови на тело. Тоа е правило што важи и за оние на 20 и оние на 40 и 60 години. Конкретно на оние што се во 40-тите, важи уште едно правило: Без оглед на тоа колку вашето тело е во добра форма, не го откривајте премногу. Куси маички, мини здолништа, неприкладни шорцеви, можете да исцфрлите од вашиот гардеробер. Постојат многу поинатересни начини да го истакнете вашето тело -  фустан што ја следи линијата не телото, панталони во соодветен крој, здолниште со висок струк...

tailored-classic-outfits-women-over-40-boomerinas

Не откажувајте се од фармерките, но внимавајте на тоа какви купувате. Не купувајте ги оние што имаат многу искинати делови (како што се сега актуелни) или што се „избледени“. Добар избор не се ниту оние „вреќастите“ или пак оние со премногу висок струк. Исто така, темните нијанси секогаш бирајте ги пред светлите.

Free-shipping-fashion-middle-age-women-trousers-the-pants-big-size-clothing-high-waist-jeans-straight.jpg_350x350

Секоја жена што внимава на својот изглед во својот гардеробер мора да има неколку парчиња што никогаш не губат од актуелност и стил. Ако сте во 40-тите, во вашиот плакар имајте неколку блејзери и тоа пожелно е во потемни нијанси. Фустанот на преклоп е исто така едно од посакуваните парчиња. Секогаш бирајте одредени бои пред принтови. Дури и ако избирате принт и тогаш внимавајте на боите. Не сакате да изгледате „слатко“, туку софистицирано. Листата продолжува со долги панталони соодветни на вашата градба и фустан што можете да го носите во формални пригоди, што ќе направи да изгледате и да се чувствувате фантастично. И, да, не мора да биде во црна боја!

image (1)

- И за крај, нешто што важи за сите возрасти, но станува уште поважно кога ќе наполните 40 - облекувајте се онака како што ви доликува и ви соодветствува на години и стилот што го негувате! Ако во нешто не се чувствувате удобно, а е тренд, едноставно, не носете го.

Објавено:
6 јули 2015
Категорија: 
Направи сам