Доколку не сте сигурни каков костим треба да изберете, ние ќе ви понудиме неколку опции според конституцијата на телото.
Големи гради
Сабра Крок, креативниот директор на бутикот за костими за капење „Everything But Water“ смета дека девојките кои имаат поголеми гради, треба да изберат горен модел кој ќе биде сличен како градникот. Најважното правило при изборот на костимот е кога ќе се облечете да се наведнете нанапред. Доколку моделот не ги покрива градите, значи е потребно да одберете поголем модел, освен ако целта не ви е градите да ви изгледаат побујно.
За впечатлив изглед
Доколку немате изразени колкови или пак гради, најдобро би било да одберете костим за капење кој по необичиот изглед ќе допринесе да изгледате впечатливо. Ние ви предлагаме моделот да биде со демели ремени, асиметрична форма или пак патенти на делот на градите или од страните.
Идеален модел за покривање на стомакот
Доколку имате проблеми со покривање на стомакот, најдобро решение е да носите едноделен костим за капење. Во однос на нијансите, изберете модел во потемна боја или пак црно – бела варијанта, која што никогаш не излегува од мода.
Доколку конституцијата на телото ви е како песочен часовник
... одберете дводелен костим за капење. Во зависност од тоа дали сакате да го истакнете или прекриете горниот или долнот дел од телото, одберете еднобоен модел во потемна нијанса или пак поиграјте си со принтови во впечатливи бои.
Едноделен костим за сите девојки
Одбирањето на ваквиот модел е играње на сигурна карта. Сепак преминете ги стереотипите дека тие се решение само за оние кои имаат проблеми со килограмите. Денес постои толку голем избор на софистицирани едноделни костими за капење кои ќе дорпинесат да изгледате супер секси. Ваквиот модел одговара на речиси секоја структура. Потребно е само да направите вистински избор во однос на нијансите, принтовите и деталите на костимот.