Костимите за капење се парче облека кое го носиме кратко време, но сакаме долго да ни трае.
Резервирани се за летните одмори, а потоа треба да им најдеме соодветно место во гардероберот каде ќе треба да останат поголемиот дел од годината.
Наидовме на неколку добри совети за тоа како треба да ги одржуваме за да останат нови и за следните сезони.
Костимите за капење се перат рачно, а првиот пат тоа мора да биде со течен детергент.
Секогаш кога излегувате од море/езеро или базен треба да ги исперете со ладна или млака вода, но никако жешка.
Не ги држете долго време во детергент.
Одбегнувајте при сушење да ги закачувате со штипки, а доколку морате нека биде тоа на внатрешниот дел (кај меѓуножјето).
Внимавајте да не ги направите со масло или крем за сончање, можат да останат флеки.
Чувајте ги посебно од останатите алишта, во соодветна торба/кеса.
Кога седнувате на карпа или некоја површина што гребе, одбегнувајте тоа да биде директно на костимот за капење. Практикувајте нешто да ставите одоздола.
Не ги ставајте во омекнувач.
Не ги оставајте со часови на сонце. Овие парчиња облека брзо се сушат, а прекумерното изложување на сонце може да биде штетно за нив.
Фото: Pinterest