Како да ја спакувате несезонската гардероба

2 април 2014

Се наоѓаме во период кога сите сме ставени пред обврска да ги складираме парчињата облека од гардероберот што веќе не ги носиме. Со различните сезони доаѓа и потребата за различни видови облека, а секако за подобра прегледност и ослободување на место во плакарот, мораме да направиме селекција на зимските парчиња, чии места од полиците и закачалките ќе ги заземени лесната пролетно- летна гардероба. Веруваме дека на сите ви е важно да ја зачувате облеката од повеќе нејзини непријатели како инсектите и мувлата. Затоа, потребно е да ја спакувате и складирате на соодветни места.

-Пред да ги спакувате парчињата што нема да ви бидат потребни за претстојниот период,тргнете ги за перење. Иако мислите дека се чисти и не им е потребно повторно перење, оваа постапка задолжително спроведете ја, а со тоа веројатноста од појавата на инсекти ќе биде помала.

-Пред да ја спакувате облеката во текот на перењето не и додавајте омекнувач. Убавата миризба кој тој ја создава,  ги привлекува инсектите. Затоа на оваа перење пред пакувањето на употребувајте омекнувач.

-Фустаните, комбинезоните и кошулите,  закачете ги на пластични закачалки, а наместо во платнена вреќа за алишта ставете ги во пластична, зашто платнената привлекува инсекти, а пластичната не. Исто така пред да ја закопчате, ставете специјални препарати против мувла и инсекти.

За да се спречи создавање на непријатна миризба на облеката по многу стоење, наместо во картонски кутии складирајте ги во пластични  со капак за затворање. Кога ќе ги здиплите во неа, меѓу секое парче ставете целулозна проѕирна хартија која ќе ја зачува бојата на спакуваната облека.

Мастото каде што ќе ја оставите облеката до следната употреба треба да биде  простор кој пред се  почесто ќе го  проветрувате. Ладните подруми и топлите соби не се идеални за чување облека. Плакарите се тие идеални места, затоа најдобро е да ги специјализирате за оваа намена, а со тоа да ги избегнете сите непосакувани непријатности кога повторно ќе треба да ги носите тие парчиња облека. Подобро инвестирајте во дополнителен плакар, отколку во нова гардероба.

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Направи сам