Во потрага по идеален модел на долна облека сите девојки и жени генерално, трошат „мало богатство“ на прекрасни модели, па во контекст на тоа треба да знаете кој е правилниот начин како да ја одржувате и чувате подолго време, решение кое секако ви оди во прилог, бидејќи на тој начин подолго време ќе ги имате во плакарот омилените гаќички, маички и градници, а ќе имате и добро оправдување за потрошените пари.
Долната облека или метафорно кажано „порцелански кукли“ кои се многу деликатни и посебни за секоја жена. Не зборуваме за оние поспортски и секојдневни парчиња долна облека, туку за оние кои се изработени од свила, тантела, и висок квалитет на памук кои дефинитвно заслужуваат посебна нега и внимание.
Еве што треба да знаете:
Складирање, диплење и чување
Предизвик за секоја жена не е да го најде вистинското парче облека за неа, туку пронаоѓање на простор и место во гардероберот каде се што има внатре ќе биде подредено во совршена линија.
Покрај совршено среден гардеробер на облека, многу е важно да ви биде средена и уредно поставена вашата долна облека. Долната облека секогаш чувајте на одвоено место од вашата облека, по можност тоа да биде сместено во фиока која е обложена со свилена хартија или друг материјал. Пожелно е да биде уредно здиплена и наредена така што секогаш она што ќе ви биде потребно да ви е на дофат.
Обложувањето на фиоката со хартија е заради заштита на долната облека. На тој начин ќе спречите било какво оштетување или развлекување, на вашите омилени парчиња долна облека.
Совети кои ќе ви помогнат да и го „продолжите животот“ на вашата долна облека:
Ова што сега ќе го прочитате може ќе ви делуваат како совети земени од некои баби, но верувајте дека навистина делува.
Ако сакате бојата на вашата долна облека да трае подолго, првиот пат кога ќе го исперете треба да го потопите најмногу 10 минути во сад со бел оцет, а потоа да исплакнете неколку пати.
Не перете ја свилата во машина за перење алишта.
Сушете ја вашата долна облека природно, без да ја ставате на радијатори по дома, во машина за сушење алишта или пак тоа да го правите со фен.
Никогаш немојте да ја пеглате вашата долна облека.
Никогаш немојте да користите избелувач за вашата долна облека ,тоа ќе ја уништи ткаенината, остава жолти дамки и ја уништува тантелата. При перењето користете детергенти кои се исклучиво за перење бели алишта, на тој начин ќе го заштитите.
Секогаш гледајте го составот на етикетите кои се наоѓаат на работ на вашата долна облека, за да се информирате за перформансите на материјалот и начинот на кој треба да ја одржувате. Особено бидете внимателни доколку долната облека во својот состав содржи свила или тантела.
Немојте да ги носите вашите свилени комплети долна облека на хемиско чистење.
Целосните корсети или оние кои се наменети само за делот околу половината, најдобро е да ги перете на рака, за да не се распаднат или оштетат доколку ги перете во машина за алишта.
Перење долна облека на рака:
Најдобар начин и најправилен е таа да се пере рачно, но доколку перете во машина за перење, а денес тоа го прават речиси сите, тогаш морате да обрнете посебно внимание и на детергентот и на температурата на која ги перете како и функциите, за пред перење, после перење, центрифуга и слично, за да не дојде до оштетување.
Еве што треба да знаете доколку вашата долна облека ја перете на рака:
Перете ги одделно белите од црните.
Водата со која ги перете да не биде со повисока температура од 30 степени.
Користете нежен прашок и не практикувајте да го триете материјалот сам од себе додека перете.
Секогаш прво исплакнете со топла, а потоа со ладна вода.
Пред да ги ставите да се сушат парчињата долна облека, завиткајте ги во чиста крпа, така побрзо ќе се апсорбира вишокот вода и тие ќе се исушат мошне брзо.
Перење долна облека во машина за перење:
Иако рековме на почетокот дека овој начин треба да го избегнувате, сепак доколку морате тогаш треба да следите одредени правила за тоа како најточно да ја исперете вашата долна облека во машина за алишта.
Користете детергент за перење за чувствителни ткаенини и бидете сигурни дека не содржи во својот состав хлор или перборат.
За да ја заштитите вашата долна облека ставете ја во навлака од перница и така исперете ја. Осто така сега постојат и посебни вреќички во кои можете слободно да го перете вашиот градник во машина за перење, а тој да не се оштети.
Не користете препарати со кои побрзо ќе го исушите вашиот градник или гаќи. Феновите, радијаторите ги уништуваат ткаенините, ги горат, прават бојата да бледнее и ја смалуваат долната облека.
Секогаш перете ја вашата долна облека на ниска температура, селектирајте ја програмата на вашата машина која се однесува на перење облека која е изработена од деликатни и нежни материјали.