Веќе пишувавме за тоа каква облека треба да бираат високите мажи, а во продолжение ќе следат неколку совети за тоа каква облека е најдобра за ниските мажи.
На Западот под низок маж се смета оној понизок од 168 сантиметри, без разлика дали е слаб, мускулест, атлетски граден или со некој килограм повеќе. Значи, се подразбира дека нозете или торзото се покуси од просекот.
Па ниски мажи еве кон што треба да се придржувате:
-На ниските им е полесно да најдат соодветна облека од високите, затоа што секогаш постои можност да ја скратат, или прекројат доколку им е подолга од претходната. Ова најмногу се однесува на панталони и фармерки. Тие не смеат да бидат набрани на ногавиците, а работ мора да паѓа преку обувките.
-Манжентните не се пожелни затоа што визуелно ги скратуваат нозете и комплетната фигура. Не носете изразено тесни или широки панталони.
-Ако имате куси нозе, појасот на панталоните нека биде високо на струкот. Доколку торзото ви е кусо, тогаш носете панталони со рамни ногавици.
-За горниот дел купувајте парчиња кои визуелно го оттргнуваат вниманието од вашето лице. Тоа подразбира кошула со шпицестите јаки и сакоа со високи, широки или шпицести ревери. Исто така, избегнувајте се што може да го сврти вниманието на долниот дел од торзото, како што се длабоки V-изрази или сакоа и џемпери со дворедно закопчување. За да го издолжите кусото торзо, носете рамни кошули без набори. Ако манжетните на кошулата се преголеми, ќе изгледате како момче, па затоа нека бидат само делумно видливи под сакото или џемперот.
-При купувањето на сако или капут, избегнувајте прешироки и бирајте пократки до бутините, затоа што така ќе ги продолжите нозете. Ако имате кројач, кажете му џебовите на градите да ги постави повисоко на блејзерот, а на панталоните да бидат незабележително спуштени, затоа што тоа ќе ве издолжи.
-Кога се боите во прашање и дезените, изборот зависи од ширината отколку од висината. Нискиот маж може да носи риги раздалечени од 6мм до 2.5 см, а оние кои се пошироки во рамниците можат да носат и со поголема раздалечина. Нискиот и крупен маж треба да се држи понастрана од дезените со широки риги, затоа што прошируваат и го свртуваат вниманието на долниот дел од телото. Истовремено, слабите а ниски типови не би требало да бегаат од овие дезени. Темните бои ќе им помогнат на мускулестите да изгледаат послабо, додека светлите бои се подобар избор за слабите.