Кога станува збор за стилот и модата, буквално секоја девојка си има свои модни трикови што постојано ги употребува и не сака да ги открива. Некои од нив се сосема корисни, а некои од нив... и не баш.
Во продолжение ви пренесуваме некои од модните трикови на најголемите ѕвезди, но и на сосема обичните луѓе, поради кои сите тие изгледаат супер средено.
Доколку овие модни трикови станат дел од вашата рутина, верувајте ни дека ќе бидете на добар пат да живеете живот со вистински стил!
Уживајте и инспирирајте се во првиот дел од модните трикови.
1. Без разлика на тоа што вели упатството, облеката од кашмир е најдобро да ја перете на рака. За да ја исушите, задолжително ставете ја во сушална.
2. Употребувајте бело вино, за да ги исчистите дамките од црвено.
3. Исчистете ги дамките на облеката со тоа што ќе прснете од течноста која претходно ја направивте, а во која ставивте малку вотка и малку вода.
4. Секогаш организирајте ја облеката во плакарот по боја од најсветла до најтемна. Така вашето око ќе ја следи бојата и ќе ви помогне во комбинациите.
5. Ако во продавница немате време да ги пробате фармерките, ставете го горниот дел на колковите и измерете ги.
6. Никогаш не го перете костимот за капење во машина за алишта и никогаш не го сушете во сушална. Машината ќе го оштети и онака кревкиот материјал и костимот ќе ја изгуби својата еластичност.
7. Ако чантите што се имитација на големите брендови се нешто што не смеете да го практикувате, тогаш лажните дијаманти се нешто што човечкото око не може лесно да го забележи.
8. Никогаш не ја облекувајте облеката веднаш откако ќе ја испеглате, бидејќи истата многу лесно може да се истутка. Оставете ја пет минути да отстои на закачалка.
9. Ако ви се случи на облеката да ви се истури восок, веднаш ставете парче хартија врз него и нежно и внимателно поминете со пегла за да се извади.
10. Повремено испрскајте ги хулахопките со лак за коса, за да ги заштитите од лесно кинење.
11. За да ги исчистите дамките од антилоп чевлите, земете малку од корката од лебот (стар неколку дена) и нежно истријте го зафатеното место. Дамките веднаш ќе исчезнат.
12. Ако одите да барате венчаница или тоалета за некој важен настан, секогаш одете нашминкани и со барем приближно онаа фризура што планирате да ја направите. Така ќе добиете подобар впечаток за целокупниот изглед.
13. Линиите од вашата долна облека што се познаваат врз облеката, воопшто не се убави за гледање. Секогаш инвестирајте во долна облека во боја на кожата и погрижете се таа да биде од нежен и свилен материјал што нема да остава линии.
14. Употребете лак за коса за да ги извадите дамките од црвен кармин што случајно ви се направија на облеката.
15. Во последниот круг од перењето алишта во машината кога перете фармерки, ставете половина чаша оцет за истите да изгледаат уште подобро.
16. Доколку чевлите ви се тесни, во нив ставете две ќеси вода и ставете ги во ладилникот за да се замрзнат. Како што водата ќе се замрзнува во ќесата, така обувките ќе се шират.
17. Освежете го старото палто со тоа што ќе го однесете на кројач и ќе му ставите нови копчиња по друг редослед и истото ќе изгледа како сосема нов модел.
18. Ако во вашата чанта ви се истури руменилото или некоја друга шминка во прав, веднаш исчистете ја дамката со влажни марамчиња за отстранување на шминка и истата ќе исчезне без проблем.
19. За да проверите дали бисерите се вистински, нежно протријте ги меѓу забите. Лажните бисери ќе бидат совршено нежни, а вистинските нема да бидат совршени, односно ќе имаат барем неколку нерамнини.
20. Идеалното „молив“ здолниште треба да биде со должина точно до колената. Секоја друга должина ќе ги скуси вашите нозе.