Во првиот дел Ви откривме некои од најголемите модни трикови што секоја девојка треба да ги знае на патот кон градењето на сопствен стил.
Со истите можете да се служите буквално секојдневно и да Ви помогнат во оние модни ситуации од кои понекогаш сметате дека нема излез.
Во продолжение, збогатете го вашето знаење со уште неколку трикови од вториот дел од текстот и задолжително запишете си ги на некое парче хартија што ќе го закачите на вашиот плакар како СОС.
1.Градниците што ги носите секој ден би требало да ги менувате со нови на секои три до шест месеци, бидејќи тоа е периодот во кој тие почнуваат да ја губат еластичноста.
2.Ако панталоните што не сте ги облекле одамна поради некоја причина одеднаш ви се стесниле, исперете ги, оставете ги малку да се исушат и додека сѐ уште се влажни, протегнете ги низ рацете, особено во делот на колковите и малку засушете ги со фен, па повторно оставете ги да се исушат добро.
3.Ако сакате да покажете малку повеќе кожа, секогаш правете го тоа умерено. Доколку носите мини здолниште или пак куси панталончиња, погрижете се горниот дел да ви биде затворен. Така ќе изгледате уште посекси!
4.Ако имате можност, секогаш купувајте свилени навлаки за вашите перници. Не само што овозможуваат подобро спиење, туку тие се однесуваат и подобро кон вашата кожа и коса отколку памучните.
5.Никогаш не купувајте деликатна облека ако знаете дека за неа нема да се грижите правилно. Ако сте сигурни дека џемперот од кашмир или украсениот со бисери и други детали, нема да го перете на рака, тогаш не купувајте го.
6.Нежните, романтични фустани комбинирајте ги со машки оксвордки за впечатлив и единствен изглед.
7.За да го постигнете изгледот на супер свиткани ракави од кошулата, прво закопчајте го копчето, па потоа виткајте ги ракавите.
8.Ако сакате да го отстраните вишокот парфем што го ставивте на себе утринава и поради кој не се чувствувате пријатно, употребете едно од влажните марамчиња за отстранување на шминка на база на маслиново масло и поминете го вратот.
9.Големите, кружни обетки се класика што секоја девојка треба да ја има во кутијата за накит. Секако, одберете ги истите во зависност од обликот на лицето, односно ако имате тенко и долго лице, купете поголеми и кружни, а доколку имате кружно лице, купете помали, но во форма на солза.
10.Доколку фармерките ви се свежо перени, но ви се случи некоја незгода поради која истите ви замирисаа, ставете ги во пластична ќеса и замрзнете ги неколку часа за да не ги уништувате постојано перејќи ги.
11.Ако сакате да оставите впечаток на подолги нозе, одберете облека и чевли во боја на кожата, односно беж, за да го постигнете тој ефект.
12.Доколку имате проблеми со миризбата во чевлите, ставете две, три лажички за кафе сода во нив и оставете ги да отстојат преку ноќта, така ќе исчезне секој атом на лоша миризба во нив.
13.Си купивте нова кожена јакна? Прошетајте ја по дождот, за таа да се омекне добро од водата и малку да се растегне.
14.Употребете сок од лимон за да ги отстраните нерамнините на вашиот тен што го постигнавте во солариум.
15.Ако во продавницата се двоумите за некое парче, оставете го и заминете си дома. Доколку сѐ уште мислите на него и следното утро, одете и купете го.
16.Старите чевли со мало оштетување не мора веднаш да ги праќате во корпата за отпадоци. Однесете ги кај некој добар чевлар и погледнете што може да се стори со нив.
17.Светилката во плакарот е секогаш добра идеја. Не само што тој ќе ви изгледа полуксузно, туку и вие подобро ќе си ги наоѓате посакуваните парчиња.
18.Веруваме дека во плакарот имате голем број на чорапи што си го загубиле парот. Кога имате болки во стомакот, земете еден чорап, наполенете го со гравчиња или зрна ориз, затоплете ги во микробрановата и уживајте во долгото топлење!
19.Ако сакате облеката во куферот да не се тутка при патувањето, обидете се да ја организирате во пластични ќеси и внимателно да ја наредите внатре.
20.Секогаш држете се до сопствениот стил за кој знаете дека добро ви прилега. Оние што и робуваат на модата никогаш не се шик.