Дали девојките и жените со неколку килограми повеќе можат да носат т.н „skini“ џинс? Кој модел на здолниште најдобро им прилега? Дали за нив е подобро да имаат струкиран или широк капут? Дознајте во продолжение преку советите на српската модна блогерка Зорана Јовановиќ.
Дезенот и килограмите
-Ниту еден дезен не оди во прилог ниту на слабите личности. Ригите се меч со две острици - хоризонталните не ширан, вертиналните нема да не издолжат. Леопард принтот е добар но само на модните додатоци, никако на маици или панталони. Точките исто така визуелно не шират. Најдоро затоа е принтот да остане на марамите, шаловите, а облеката да е еднобојна.
Широки или тесни панталони со висок или низок струк?
-Струкот треба да биде повисок, а на покрупните личности најдобро им стојат т.н. цигара панталони.Сосема тесни ногавици ги истакнуваат бутините, а во ѕвонарки изгледаме уште подебели. Инаку, тој модел на панталоните е исклучиво за високи и слаби девојки, најдобро со чевли со високик потпетици. Во хеланките покрупните девојки се чувствуваат пријатно, затоа што ништо не ги стега, но во тој случај треба да ги комбинираат со туники, а не кратки маици.
Тесни ногавици - да или не?
-Крупните личности треба да избегнуваат џинс, но не оние кои имаат пет до десет килограми повеќе. Тегет џинсот може да помине. Но, ако сте покрупни во горниот дел, а имате потенки нозе, тогаш можете да носите фармерки со тесни ногавици. Секогаш кога бирате панталони, без оглед на тоа од кој материјал се водете сметка за пропорциите на бутините и листот.
Мини-здолништа
-Никако! Има убави модели на здолништа до колена, во А-крој. Тие ја покриваат критичната зона на бутните. Крупна девојка во мини-здолниште може да делува мошне вулгарно. Макси здолништата се секогаш препорачливи, но за жал, можеме да ги носите само неколку месеци во годината.
Во што една девојка е поелегантна - фустан или панталони?
- Килограмите не треба да не ограничуваат. Секој од нас треба да го пронајде кројот што најдобро му сти, парче облека која не не стега, во која првин себе ќе си бидеме елегантни и убави, а не нападни. Фустан до колена, кој ја следи линијата на телото, ниту премногу тесен, ниту премногу широк, фустан кој има ремен кај половината е добар избор. Здолништето со А крој и црни панталони исто така.
Избор на сако
-Крупните личности не би смееле да го закопчуваат сакото, особено ако имаат поголеми гради. Пожелно е сакото да е подолго, да го прекрие задникот и да не биде струкирано.
Избор на капут
-Капутот исто така не би требало да биде струкиран. Најдобра должина е малку над колена. Моделите до под ќе ја „проголтаат“ покрупната жена, а премногу краткиот уште повеќе ќе ја рашири. Капутот може да се врзува во пределот на половината, а со тоа ќе придонесе за повитка линија. Но, под капутот гледајте да имате што помалку слоеви облека, за да не изгледате „натунтано“. Ако носите бунда, тогаш носете ја откопчана и да нема качулка.