Направи сам: Елегантни велигденски јајца без бојадисување
•
16 април 2020
Доколку се уште се размислувате како да ги украсите велигденските јајца годинава, а притоа не сте обожавател на бои и валкани раце, имаме еден супер лесен, а впечатлив начин.
Потребни ви се само сатенска лента, лепак и фломастер/или лак за нокти (пожелно во иста нијанса со сатенската лента).
View this post on Instagram
Првин со сатенската лента направете мали машнички. Прицврстете ги машничките на врвот од јајцето со силикон или лепак, а потоа со фломастер или лак за нокти направете очи и уста.
Лесно, брзо, а ефектно.
Обидете се :)