Направи сам: Ѓердан од цевки
•
1 ноември 2014
За да го направите овој ѓердан потребни ви се цевки, игла и конец, спреј во бојата во која што сакате да ви биде парчето накит и две ленти од материјал.
Изгледа моќно, а е многу едноставно за правење. Цевките исечете ги во должина во која сакате да ви биде ѓерданот. Потоа земете игла и конец и нанижете ги исечоците. На посебно место, каде што нема да извалкате се' околу себе, земете го спрејот и бојадисајте ги парчињата во саканата боја. На крајот, коецот врзете го така што ќе направите јамка за да ја протнете лентата со материјал со која ќе го врзете околу врат.
Погледнете го туторијалот:
#t=67