Носете едноставна бела маичка на повеќе начини

25 март 2015

Класиката има повеќе имиња, а едно од нив е: обична бела маичка.

Едно од оние есенцијални парчиња кои ги има во сечиј плакар независно од индивидуалниот имиџ, во ист ранг со џинсот и класичната кошула. Практична, секогаш во тренд, парче со кое се освежува изгледот и една од основните причини зошто жените ја обожаваат е бидејќи лесно може да се комбинира во неограничени варијанти како во дневен, деловен, така и во вечерениот изглед.

Најчесто белата маичка ја носиме со вреќест, искинат џинс или тесни фармерки, со памучна кошула и страки, но и со кратки или миди кожени здолништа и на високи потпетици.

Белата маичка е вистински моден камелеон, се прилагодува на сите актуелни трендови, па оваа пролет може да ја носите со ѕвонести панталони и чевли на високи платформи или пак со туника и хеланки на балетанки.

 

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Направи сам