Ова се најчудните вкусови на сладолед во светот!

14 јуни 2016

Во екот на сезоната на сладоледот, ви пренесуваме кои се најпознатите вкусови на најслаткиот десерт ширум светот. Некои ќе посакате да ги пробате, а за некои нема да поверувате дека постојат, ниту пак ќе посакате некогаш да ги вкусите.

Прочитајте за најинтересните сладоледи ширум светот и од што истите се направени!

1.Сладолед од крокодилски јајца

Овој необичен сладолед доаѓа како еден од најпознатите десерти на Филипините, а поентата на истиот е дека содржи многу помалку холестерол од вообичаените вкусови, односно повеќе протеини од сите останати.

2.Сладолед од мајчино млеко

Лондонската слаткарница The Icecreamists предизвика вистински контроверзии кога во понудата го стави и овој вкус со наслов Baby Gaga. На сладоледот му се додава и лимон и свежа ванила од Мадагаскар.

3.Сладолед од сланина

Овој сладолед се прави од кандирана сланина, а првично настанал како експеримент на американскиот готвач и пекар Давид Лебовиц. Тој го комбинира со кафен шеќер, цимет, ванила и малку рум.

4.Сладолед од лук

Сладоледот кој веројатно сите ќе сакаат да го „прескокнат“, има навистина интересни состојки меѓу кои лук и мед. Сладоледот обично се служи како сос за главното јадење, како на пример некој сочен стек.

5.Сладолед од октопод

За сите оние кои сакаат морска храна, дефинитивно мора да го пробаат овој десерт наречен Taco Aisu.

6.Сладолед од лигњи

Повторно се враќаме во Јапонија каде можете да ги вкусите најлудите сладоледи на светот. Овој сладолед од лигњи има црна боја и изразито кремаста структура.

7.Сладолед од свежа трева

Еден бар во Њујорк неколку години успешно го служи овој сладолед направен од добро преработена трева што се јаде.

8.Сладолед со вкус на пиво

За сите љубители на пивото, ова е вистинскиот десерт во кој знаеме дека ќе уживате. Можеби еден од најбараните, повторно во еден бар во Њујорк.

9.Сладолед од козјо сирење

За сите љубители на козјото сирење, дојде уште еден специјалитет во кој можете да уживате. Ако сакате да експериментирате, тогаш овој сладолед е десертот што мора да го пробате.

Што велите, кој е оној вкус кој најмногу ве предизвика да го пробате?

Извор: Index.hr/Daily Mail

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.420 пати