Празничен декор: Направете велигденско дрвце и внесете позитивна енергија во домот

6 април 2020

Задржете ја убавата енергија која со себе ја носат празниците и покрај вонредните услови. Во тоа ќе ви помогне и фокусот на креативни изработки во домашни услови.

Откако ве инспириравме и ви посочивме неколку идеи како да направите цветни декорации за Велигден, следен креативен предизвик нека биде изработка на велигденско дрвце.

Едноставно е за изработка, а од вас бара малку посветеност и креативност, за на крај резултатот да биде фантастичен и ефективен.

Потребно ви е гренче од дрво, боја, пластични јајца и саксија.

Препуштете се да ве води имагинацијата и не штедете на идеи и колор. Колку пошарено, толку позабавно.


На гранките може дополнтелно да додадете други украси што може да г изработте од памук или хартија да ги обликувате во различно форми.

Во продолжение неколку инспиративни идеи:

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
6 април 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
10.811 пати