Секоја година, со особена радост ги чекаме Новогодишните и Божиќните празници.
Без разлика каква ни била годината, тоа е време кога надежта повторно се раѓа, време на убави желби, време кога веруваме во чуда.
И нема ништо поубаво кога позитивната мисла ќе ја зачиниме со прекрасен декор, којшто го има во секакви бои и форми.
Сепак она што најмногу нè радува е празничната трпеза која е уживање за сите сетила.
Со мала креативност и неколку позајмени идеи, таа може да биде најмагичното место во вашиот дом.
Покрај вкусната храна, тука се и празничните декорации, од свеќи и лампиони, до мини елкички, зеленило и прекрасен прибор за јадење.
Тоа не мора да биде ништо претерано. Понекогаш доволно е сосем малку за трпезата да биде совршена.
Најчесто декорирањето ги следи боите и елементите коишто веќе ги имаме во домот, па според тоа одбираме што ќе ставиме на масата.
Доколку сте во потрага по инспирација нашиот мал фото водич е секогаш тука со нови идеи.
Фото: Pinterest