Што да носите ако сте на диета

12 јануари 2015

odjeca-dok-ste-na-dijeti

Доколку во Новата година одлучивте да поработите на вишокот килограми, тогаш ќе треба да внимавате и на она што ќе го носите додека слабеете.

Ако сте на посериозна диета, во која планирате да изгубите 8, 10 или повеќе килограми, тогаш знаете дека ќе морате да ја го обновите гардероберот кога ќе стигнете до целта.

Но, сигурно сте се запрашеле, што ќе правите во меѓувреме кога вашето тело постепено ќе се менува?

Ќе купувате паметно. Оваа активност ќе биде вистински предизвик за вас. Нема да сакате да вложувате многу пари, што е и разбирливо бидејќи истата облека нема да ви прилега за неколку недели, а сепак сакате постојано да изгледате добро.

Затоа, одбирајте парчиња кои ќе се темелат на вашиот стил, а што ќе ги комбинирате со облека што и порано сте ја носеле. Еве на кои парчиња посебно да обрнете внимание:

  • Туники

collage1

Тие се одличен избор, затоа што без оглед на тоа што слабеете тие ќе ви прилегаат, бидејќи од нив и се очекува да бидат пошироки. Ова е едно од парчињата што и може да ви остане во гардероберот и по завршетокот на диетата.

  • Хеланки

collage2

Ако ги носите со подолги туники, лежерни фустани или џемпери, ќе изгледате послабо, а воедно ќе ви биде и удобно.

  • Фустани

collage4

Нека бидат од жерсе. Полесно ќе „паѓаат“, удобни се и ќе можете да ги прилагодите на различните промени на телото.

  • Ремен

collage3

Вложете во неколку добри ремени, затоа што со нивна помош фустаните, кошулите кои порано сте ги носеле можете да ги прилагодите на новата фигура.

  • Панталони или фармерки со еластин

Plus-Size-Flare-Pants-Fashion

Додека сте на диета не трошете премногу пари на панталони или фармерки, затоа што тоа се парчиња  облека кои навистина мора добро да ви прилегаат, за да изгледате добро. Тешко дека истите панталони ќе ви прилегаат добро кога ќе ви се смени тежината, па макар и за два килограми, да не зборуваме за поголеми промени.

how-to-find-the-perfect-plus-size-pants

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Направи сам