Што да се комбинира со црно одело

3 јануари 2014

black-suit-fi

Црното одело е најчесто деловна комбинација, која може многу лесно може да се претвори во одело за ресторан, излегување и свечени пригоди.

Со црно одело најдобро ќе ви одговараат некои од следниве модни додатоци.

Чевли: со црни чевли тешко дека можете да згрешите, особено ако е во прашање оваа комбинација. Сепак, во зимскиот период дозволени се и чизми. Тоа што се чизми не значи дека не можат да бидат прикладни за одело. Згора на се, чизмите ви овозможуваат да ги комбинирате и на други парчиња, како темни фармерки или пак кежуал панталони за викенд.

Cipelecizme-za-odijela

Кошула и вратоврска: Најчистата а воедно и класична комбинација е бела кошула. Вратоврската во свечени пригоди е задолжителна и пожелно е да е еднобојна. Сепак, една од опциите е и дезенирана кошула, но во тој случај мора да биде дискретна, а вратоврската внимателно да се избере.

odijelo_1

Часовник: Складен и софистициран машки часовник е задолжителен моден додаток. Едноставен и елегантен, знак на добар вкус и мажевност.

muški-sat

Манжетни - уште еден моден додаток кој зборува за добриот вкус. Сепак, токму поради тоа, треба да се биде внимателен при изборот. Треба да бидат функционални и елегантни.

Manžete

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам