Што е потребно за да бидете вистинска дама?

19 декември 2013

Доколку сакате да бидете вистинска дама следете ги следните совети:

Нежни раце

Рацете треба секогаш да бидат негувани и затоа при секое миење практикувајте да ставате крем за раце, еднаш неделнo правете пилинг и ноктите секогаш треба да ви бидат средени и налакирани, па макар и со безбоен лак.

Здрава коса

Косата пред се треба да биде чиста и негувана. Никако не смеете да си дозволите оштетени врвови или длабоко подникнат корен доколку ја нијансирате косата.

Негуван тен

Не смеете да си дозволите да легнете со шминка или наутро да не го измиете лицето. Добро би било еднаш неделно да правите пилинг и да посетувате козметичар доколку сте во можност.

Здрави заби

Не треба да се истакне посебно колку е важна негата на забите и посетата на стоматолог. Но исто така не се знае во текот на денот на кој се може да налетате, па најдобро би било да имате чист здив и здрави заби.

Нежна шминка

Дамите секогаш знаат да ја ценат и негуваат природната убавина и токму поради тоа не претеруваат во користењето на шминка која би им дала повештачки изглед.

Чиста и средена облека

Дамите секогаш имаат одбрано комбинации кои планираат да ги носат во текот на денот, па дури и за наредниот. Некои од нив се пресоблекуваат по неколку пати и никогаш не дозволуваат алиштата да бидат неиспеглани или пак со некоја флека.

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Направи сам