Во тек е месец ноември кој веруваме дека знаете дека е познат како месец на машкото здравје. По тој повод, голем дел од момците кои сакаат да ја кренат свеста за нивното здравје, растат мустаќи во текот на целиот месец.
Покрај бројните настани на кои е задолжително да отидете и што е можно повеќе да се едуцирате за машките болести, овој месец нека биде празник и во вашиот дом.
Набавете си украси во вид на мустаќи или пак направете си сами и дополнете го секое ќоше во вашиот дом на кое му треба малку зимско разубавување.
Украсете ги рамките со фотографии со мустаќи, нацртајте мустаќи на шолјите во кои го пиете првото утринско кафе, украсете ги светилките, полиците, ламбата, купете си рамки со интересни пораки за мажите со мустаќи и што уште не.
Ова е супер идеја за разубавување на вашиот дом кој со промена на малите детали, секогаш ќе изгледа спектакуларно.
За оние кои сакаат нешто повеќе, одвојте малку време и направете мустаќи од картон и откако ќе ги обоите во црна боја, украсете ги со светки кои ќе го означат стартот на празничната сезона во вашиот дом.