Ни се наближува еден од најголемите христијански празници - Велигден. Сигурно веќе започнавме со празнична декорација и планирање на велигденската трпеза.
Доколку сакате да ги изненадите најблиските со нов изглед на домот, барем кога се вакви детали во прашање, или пак да направите нешто што ќе им го подарите, ние најдовме неколку интересни предлози.
Велигденско венче за на врата. Купете обрач - од стиропор, или дрво или метал. Ако сте вешти со рацете можете и да направите таков, а потоа да го украсите како што ќе посакате. Купете пластични јајца или вештачко цвеќе, ако немате природно и направете ја посакуваната композиција. Можете дури и да ги искористите лушпите од јајцата што сте ги искористиле за готвење или од пукнатите вапцани јајца. Ќе биде уникатно и впечатливо.
Потоа, може да ставите дрвце со гранки и на него да наредите јајца од хартија или некој друг лесен материјал. Гранките ставете ги во ваза или пак, доколку е дрвце посадено во саксија, обложете ја со јута конец или тантела или пак што и да сакате, а да е во склад со остатокот од домот.
Нам многу ни се допаѓаат и декорациите во кутиите од јајца, кои можат да бидат идеален подарок. Наредете неколку вапцани јајца, а потоа додајте сено или мов или цвеќенца - со што и да располагате. На крај додадете панделка и ќе видите дека ќе добиете мошне симпатичен производ.
На дрвени подметачи можете исто така да направите композиција од различни велигденски елементи. Пуштете ја креативноста да ве води.
Еве уште неколку примери во продолжение: