Виножито секогаш асоцира на позитивна емоција, на радост и на сонце после дожд.
Рачните израбортки со овој мотив се актуелен тренд и во декорирањето на домот, особено се карактеристични за детските и бебешките соби.
Симпатичен декор во хармоничен колорит, што ќе ви го разубави амбиентот дома, а со тоа и расположението.
Рачната изработка на овие виножита од волна не е комплицирана, но секако бара време.
Доколку сакате да си изработите сами, она што ви е потребно е тенко јаженце и избор на волна во бои по ваш избор. Процедурата е објаснета по чекори на фотографијата подолу.
Интересно е и тоа што оваа декорација може да ја комбинирате со други украсни елементи, па супер изгледа сошиена на перница или аплицирана на лустер или плетена кошница.
Инспиративни идеи следуваат во продолжение.