•
24 јануари 2023
Некои луѓе го градат својот онлајн идентитет околу својата физичка сличност со некоја светска ѕвезда и така бидуваат мега популарни на социјалните мрежи.
Младата инфлуенсерка Бети која стои зад инстаграм профилот @bttywt, фантастично потсеќа на Одри Хепберн.
Тоа е и најчестиот коментар или комплимент, што следбениците ѝ го оставаат под фотографиите.
Покрај тоа што физички неодоливо наликува на големата филмска и модна икона, оваа млада девојка живее ретро животен стил. Слуша музика од 60-те, а и се облекува согласно истата декада, па психоделичните и флорални принтови се честа глетка во нејзиниот стил.
И се разбира најголема нејзина инспирација е Одри Хепберн.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram