Љубов Успенскаја има 66 години, но сè уште е активна во музичкиот свет. Нејзиниот живот е филмска приказна.
Родена е на 24 февруари 1954 година. Нејзината мајка умира на породувањето. Татко ѝ, угледен директор на фабрика во Киев, ќе се согласи бебето да го посвои неговата мајка, па така Љубов долго време ќе мисли дека бабата ѝ е мајка, а таткото брат.
View this post on Instagram
Во еден момент од животот, татко ѝ ќе се ожени повторно и таа ќе оди да живее со него, по што и ќе се открие долгогодишната семејна тајна.
Се мажела четири пати. Со последниот сопруг е сè уште во брак. Прв пат ќе се омажи на 18 години и ќе роди две деца, кои за жал, кратко по породувањето ќе починат. Во третиот брак ќе ја добие ќерка, која ќе е и нејзиното единствено дете.
View this post on Instagram
Патувајќи низ животот водена од музиката и љубовта, ќе живее неколку години во Италија, по што ќе се пресели во Америка. Таму ќе успее да изгради кариера, нејзиниот специфичен глас ќе го обожаваат многумина, а токму во САД ќе го сними и првиот албум. Потоа ќе се нижат и многу други, а во рамки на една турнеја ќе добие понуда да пее и во родната Русија.
Ќе ја прифати понудата и Русите едноставно ќе ја обожаваат, што не беше случај секогаш. Во почетоците, нејзиниот глас бил премногу груб за тогашната руска уметност, па не е ни многу забележана, што всушност и ќе биде главна причина поради нејзиното заминување од родната земја.
Враќањето дома, ќе разбуди емоции, па ќе одлучи дека сака да се врати.
View this post on Instagram
Денес живее на релација Русија, САД и Канада (каде живеат нејзините полу-браќа и сестри). Освен по тоа како го консумирала животот, таа станува контроверзна и по својата сценска појава.
Токму затоа и ќе ја наречат руската Тина Тарнер. И на 66 години таа носи тесни фустани, високи чизми и високи потпетици. Секогаш има впечатливи модни додатоци и средена фризура.
Не крие дека користела естетски корекции, а како старее така е сè позгодна, на што ѝ благодари на јогата која редовно ја практикува. На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а истиот го користи да сподели и приватни и професионални моменти.
Во продолжение ви презентираме дел од нејзините впечатливи модни комбинации и објави:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram